Бројот на загинатите рудари во Мјанмар надмина 100

Свлечиштето на теренот во рудник на жад во Мјанмар усмртило најмалку 100 луше, а се стравува дека бројот на загинатите е многу поголем, објавија во четвртокот тамошните власти, откако купиште од отпадот од рудникот се урнала во езеро, повлекувајќи бран од кла и вода кои затрупале голем број работници.

Рударите собирале камења во областа Хпаканта во сојузната држава Качин која е богата со жад, кога по обилните дождови свлечиштето се урнало врз нив, соопштија спасувачките служби на Мјанмар.

„Досега прионајдовме 100 тела. Други тела сѐ уште се во калта. Бројот на мртвите ќе расте“, изјавил за Reuters Тар Лин Маунг, локален функционер од министерството за информации.

Смртоносните свлечишта се зачестени во северниот регион Хпакант, каде се одвиваат слабо регулирани рударски активности. Во свлечиште во истата област во 2015 година загинаа 116 луѓе.

Локалните медиуми пишуваат дека изминатите години стотици луѓе ги загубиле животите во овој регион, а многи од нив се во потрага по жад самостојно расчистувајќи ги површините во потрага по заостанати парчиња жад кои не се откриени при регуларно рударство.

Владата на нобеловката Аунг Суу Кји вети дека ќе ја регулира индустријата кога во 2016 година ја презема власта, но активистите обвинуваат дека многу малку е сторено во оваа сфера.

Официјалната добивка од жадот на Мјанмар изнесувача 671 милион евра за 2016 и за 2017 година, според информациите кои ги објави владата во рамките на Иницијативата за транспарентност, но експертите веруваат дека вистинската вредност на оваа индустрија, којашто главно извесува во Кина, е многу поголема.