Африка го мина прагот од два милиона регистрирани случаи на зараза со новиот коронавирус, извести во средата агенцијата Reuters на основа на податоците кои ги собрала.
Со 2.012.000 случаи на коронаинфекциите, Африка има удел од речиси 4 отсто од севкупниот број лица во светот кои се заразиле со вирусот SARS-CoV-2, но експертите сметаат дека оваа бројка е доста помала од вистинската.
Здравствените стручњаци веруваат дека голем број заразени и починати од Covid-19 не е евидентиран, бидејќи на овој контакт со 1,3 милијарди луѓе се спроведуваат значително помали тестирала и оваа стапка е меѓу најниските во светот.
Стапката на смртност од 2,4 отсто е третата највисока во светот, веднаш зад Латинска Америка и Блискиот исток, иако забележаниот број починати во апсолутни бројки е далеку помал. Досега во Африка, според евиденцијата, од последиците на Covid-19 починале 48.000 луѓе.
По земји на африканскиот континент највисоката стапка на смртност има Судан со 7,81 отсто, па следат Чад со 6,28 и Египет со 5,82 отсто. Јужноафриканската Република има најмногу забележани случаи на Covid-19, со малку повеќе од 750.000, со стапка на смртност од 2,71 отсто.
Африка претставува речиси 17,6 отсто од целокупното население на светот, а заразени се околу 15 лица на 10.000 жители.