Пожарникарите и спасувачите објавија ноќта кон неделата дека откриле уште тела од несреќата по пукнувањето на браната за рударски отпад во Брумадињо, со што бројот на жртвите се зголемил на 34, пренесува агенцијата Ansa.
Претходно агенцијата AFP го објави податокот дека се најдени 11 тела а оти 296 лица се водат како исчезнати, во пукнувањето на браната во бразилската сојузна држава Минас-Жерао, додека дождовите ја отежнуваат потрагата по евентуално преживеаните.
Властите стравуваат дека ќе најдат многу мал број преживеани. Спасувачките екипи нашле автобус кој превезувал вработени на компанијата „Vale SA“, во чијашто сопственост е рудникот во Брумадињо, целосно потонат во калта, а во него имало неколку тела кои сѐ уште не успеале да ги извлечат. Претпладнето беше објавено дека 46 лица се најдени живи, од кои 23 се повредени и хоспитализирани.
„Сѐ уште се надеваме дека ќе пронајдеме преживеани“, рекол бригадирот Едгар Естевао, поќарникарски началник од државата Минас-Жераис во која се случи попуштањето на браната којашто го задржувала отпадот од рудникот за железна руда. Додал дека 14 хеликоптери постојано го надлетуваат големото пространство прекрено со тиња.
Со воен хеликоптер околу средината на денот на местото на несреќата пристигнал бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, но не дал изјава туку пдооцна се огласил преку Twitter велејќи дека наишол на страшен призор. „Ќе сториме сѐ што е во наша моќ да ги згрижиме жртвите, да ги огрничиме околносите и да ја спроведеме правдатра за да се избегнат нови трагедии“, напиша Болсонаро. Војската наведува дека претседателот наредил мобилизирање на 1.000 војници кои се подготвени да бидат распоредени на погоденото подрачје.
Причините за несреќата сѐ уште не се познари, но судијата во државата Минас-Жерао нареди замрзнување на имотот на компанијата „Vale SA“ во износ од 5 милијарди реали, односно 1,16 милијарди евра, за да се наплати штетата предизвикана од катастрофата, пренесува агенцијата Reuters.
Акциите на „Vale SA“, една од најголемите рударски компании на свењто“, паднаа за повеќе од 10 отсто само неколку часа по затворањето на Њујоршката берза, откако веќе паднаа за 11 отсто веднаш откако беше објавена веста за несреќата.
Несреќата се случи во раните попладневни часови во петокот во Брумадињо, општина со 39.000 жители, 60 километри југозападно од Бело Хоризонте, административниот центар на споменатата сојузна држава.
Оваа сојузна држава сѐ уште закрепнува од пукнувањето на браната во ноември 2015 година во рудникот во Самарку, исто така во сопственост на „Vale SA“ и на англиско-австралиската групација BHP, кога загинаа 19 луѓе во дотогаш најтешката еколошка катастрофа во Бразил. Тогаш беше затрупано цело село и истече отровен отпад во реката. Направена е непроценлива штета за природната средина во близина на Мариана, околу 150 километри од Бело Хоризонте. Тогаш стицици квадратни километри беа преолавени од каллив порој кој мина низ две бразилски сојузни држави и преку реката Рио Доче се влеа во Атлантскиот Океан минувајќи 650 километри.