Чешка испраќа милион маски за Македонија

Воен авион со донација од Чешката Република денеска треба да слета на Скопскиот аеродром.

Секретаријатот за европски прашања информира дека воениот авион со помош за Северна Македонија вчера полетал од Прага, но поради технички причини не слетал во Скопје, по што повторно се вратил во Чешка.

Вицепремиерот Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, се очекува да ја пречека донацијата – помош за справување со КОВИД – 19 од Република Чешка, што се состои од еден милион маски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.