Четворица убиени последните 28 часа во Лондон, меѓу нив и жена во доцна бременост

Во најновниот бран убиства во Лондон во кој во последните 28 часа се убиени четири лица, вклучително и жена во доцна бременост која била избодена до смрт, градоначалникот Садик Кан изјави дека полицијата деноноќно работи за да ги одржи безбедни улицијата на британската престолнина.

Дваесет и шестгодишната Кели Мери Фоврел е убиена во саботата рано утрото во јужниот дел на Лондон, а била во осмиот месец од бременоста. Дететот преживеало, но е во критична состојба. За овој напад е приведен 29-годишен маж, кој сега се наоѓа во притвор. Во три одвоени инцидента двајца мажи починале по здобиени убодни рани, додека третиот го загубил животот по борба. Вкупно се уапсени пет лица.

„Криминалистите работата интензивно за да ги одржат лондонските улици и заедници безбедни. Насилството над жените е ендемска појава во општеството, а страшните убиства дома, како ова, зборуваат за размерите на проблемот со кој се соочуваме. Моите молитви се со тоа невино дете и мајката којашто трагично ја загуби“, напиша на Twitter лондонскиот градоначалник Садик Кан, но не ги споменува нападите на улиците.

Силниот раст на насилните смртоносни злосторства во Лондон го привлече вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп и на британскиот рапер Стормзи, кој носеше панцирен елек со мотивите на британскот знаме на настапот на познатиот музички фестивал во Гластонбери во петокот.

Полицијата пред две седмици упаси 14 лица, меѓу кои неколку момчиња и девочиња поврзани со петте одвоени напади. Еден 18-годишник беше до смрт избоден во Вондсворт во јужен Лондон, додека неколку минути подоцна во петокот пред две седмици е застрелан 19-годишник во Пламстејд во југоисточен Лондон. Маж во 30-те години починал откако исто така е избоден во Тауер Халетс следниот ден попладнето, а истата сабота рано утрото двајца мажи беа избодени во Клејфам и еден во Брикстон.

Трамп тогаш, кога за 24 часа беа убиени три лица а уште три други беа ранети, го нарече левичарскиот лондонски градоначланик Кан кој е и прв во историјата со пакистанско потекло, „државна срамота“. Трамп на Twitter коментираше дека Кан претставува „пропаст“ и дека на британската престолнина ѝ е потребен нов градоначланик. Подоцна напиша уште една објава, тврдејќи дека Кан е „државна срамота која го уништува Лондон“. Притоа американскиот претседател оцени дека ситуацијата „само ќе се влошува“, доколку градоначалникот на престолнината на Обединетото Кралство не биде сменет.

Сличен бран напади со ножеви во Лондон во кус временски период беше регистриран и на почетокот од април. Бројот на убиените во британската престолнина во вакви напади од почетокот на годинава се искачи на 59 жртви. Минатата 2018 година регистрирани се 132 убиства во Лондон. Според официјалните статистики, минатата година во Англија и Велс се забележани 285 смртоносни напади со нож, што е најмногу откако се води ваквата статистика пред 70 години.

Поради тоа, премиерката на заминување Тереза Меј беше критикувана дека со штедењето на полицијата и кастрењата во социјалните служби придонела за порастот на смртоносните и воопшто нападите со нож. Борис Џонсон, поранешен градоначалник на Лондона во два мандата, и кандидат кој има најмногу шанса да ја наследи Меј на премиерската позиција во јули, вети дека ќе ги зголеми полициските сили, доколку биде избран.