Дали на Али Ахмети ќе му се продолжи да биде на црната листа на САД?

Деновиве го слушаме Али Ахмети (Абаз) на партиски трибини на ДУИ како настапува со националистички истапи со напад на македонски медиуми Алфа и Телма, дека биле „непријателски антиалбански телевизии“, односно биле „против Aлбанците“. Со ваквиот националистички настап и со повик на национализам Абаз сака да го сврти вниманието од тоа што му гори во неговата партија ДУИ и расколот што му се случува со појавувањето на т.н. „огнена група“ од редовите на ДУИ, која отворено ги истакнува криминалните дејанија на министрите на ДУИ во Владата на Али Ахмети и Таче, особено против Артан Груби (идниот претседател на ДУИ наследник на Абаз), Османи, како и за други министри.

Пред да продолжам за Абаз (Али Ахмети), би сакал да ја потсетам Амбасадата на САД во Македонија Н.Е. Анџела Агелер, која добро ja знае терористичката ОНА и нивното водство и настаните од војната 2001 година, како и за криминалите на институциите.

Што содржи „богатата“ биографијата на Али Ахмети?!

На Википедија, меѓу другото пишува: „…роден во Зајас-Кичевско. Водач на политичката партија Демократската унија за интеграција (ДУИ). Претходно бил политички водач на ОНА. Командант под име Абаз. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност. Ахмети завршил литература во Тирана (м.з. како завршил и дали му е нострифицирана дипломата?). Швајцарските психијатри му определиле дијагноза… Се смета за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во тетовско, работниците на Маврово, масакарот кај Карпалак, Вејце…“.

Само да додадам, случајот познат како „Водство на ОНА“, беше вратен од Хаг за да постапуваат по него македонските судски органи. Тоа не значи дека Хаг за македонската јавност е помалку важно од горката реалност како Хашките случаи, всушност се третираат дома од нашиот правосуден систем. А, одговорот е никаков.

Затоа, Ваша екселенцијо Анџела Агелер, треба да испитате и да се запознаете и тоа: Зошто, од формално – правно непознати причини и тоа повеќе од десетина години четирите вратени случаи од Хаг, кои требаше да се процесуираат и судат кај нас, не се ниту почнати! Тие не застаруваат! Сигурно, Хаг тоа не го заборава.

Но, дали е така со нашето правосудство. Ќе мора третата власт (правосудството) во Македонија да профункционира. Ова почитувана екселенцијо Анџела Агелер, треба да го знаете.

Скандал Али Ахмети почесен доктор, понижување за албанската академска фела 

Универзитетот Тетово (во 2021 година) му додели признание почесен доктор Хонорис Кауза на геноцидниот терорист и опасен по безбедноста на Македонија и пошироко-претседателот на ДУИ Али Ахмети. Спротивно на член 184 од Законот за високо образование (ЗВО), а врз основа на Одлука на наставно-научниот совет на Правниот факултет, а по Иницијатива на ректорот на универзитетот, Вулнет Амети.

За да знае поконкретно Амбасадата на САД во Македонија Н.Е. Анџела Агелер, како и  македонската јавност, а и за оние кои велат дека е скандал и понижување за албанската академска фела, треба да знаат што содржи членот 184 од Законот за високо образование (ЗВО). Цитирам: „… На истакнати научни, културни, деловни и други лица од земјата и странство, кои со своите дела дале посебен придонес за развојот на научната мисла, културата, или на друг начин придонеле за развојот на високото образование, односно на акредитирана научна установа, универзитетот може да им додели титула почесен доктор на науки (doktorhonoris causa)…“.

Дали Али Ахмети со своите дела дал посебен придонес во науката, културата, научната мисла и слично???

Почитувани мои албански интелектуалци, ми говорите, ми пишувате, дека е скандал и понижување за академската фела. Да, скандал, понижување, тоа е така. Еве, Али Ахмети во што дал придонес: во геноцид, тероризам, а не по член 184 од ЗВО. Но ајде одважете се, сите проговорете. Има доста албански интелектуалци во Македонија и странство, кои дале голем придонес во науката, научната мисла, културата, соживотот, кои се бореле за толеранција, против геноцидот и тероризмот. Кои заслужуваат да добијат такво почесно звање доктор Хонорис Кауза. За жал, ректорот и Универзитетот во Тетово тоа го заборава. Жално. Недозволиво за една високообразовна-научна институција која е акредитирана во Македонија да се занимава со политика, а не со наука. Ова почитувана екселенцијо Анџела Агелер треба да го знаете.

„Заедно за Европа“ – Али Ахмети

После средбата со Еди Рама во Тирана, за спас на Али Ахмети, Груби, Османи, со  лидерите на македонските албански партии – Алијанса на Албанците, ДПА, Алтернатива, на оваа средба не ги удостои само политичката партија Беса. Таа отворено кажа дека не сака да биде во друштво со криминалните лица со Али Ахмети  и Груби. Ќе покаже времето. Па, по вечерата и баклавата која им ја приреди Еди Рама, најзадоволен од средбата беше претседателот на СДССМ -Ковачевски. Неофицијални извори говорат дека средбата кај Рама ја барал токму Ковачевски. А, Рама како голем пријател на Заев и Ковачевски ја остварил Тиранската втора (2) средба за широка коалиција на Владата за спас на Ковачевски и Ахмети. Па од таа средба се роди мотото „Заедно за Европа“ за отворање на Уставот со вметнување на Бугарите во истиот.

Само да им се објасни на овие кои се „за Европа“, ки формално се за ЕУ, а во практиката не е така. Вие неранимајковци (КОПУЦИ), треба да знаете Македонија е во Европа и Западен Балкан е во Европа. Но, Македонија треба да расчисти со криминалот и корупцијата во Владата и институциите кои се заробени во криминалот и корупцијата од ДУИ и СДССМ, а која е на највисоко скалило на секое поле на општетсвеното живеење. Ова ни го кажуваат и меѓународните авторитети дека без борба со криминалот и корупцијата нема влез во Европската Унија. Сведоци сме на разни скандали, афери на функционери и институции. Невидена економска сиромаштија (над 450.000 македонски граѓани), двоцифрена инфлација, скандали во образованието и науката со учебници, учениците немаат учебници. Османи и Артан Груби се посебна приказна на скандали и злоупотреба на службената положба. Маџар-Телеком скандалите продолжуваат, Грковска само се слика како да е на модна ревија, скандалот со огласот на МНАВ-АД, скандал Онишенко, Беса Транс, МВР-Спасовски-прикривање документација Беса Транс по истражување на ДКСК… Правосудните органи Ислам Абази, правосуден испит на синот на дезертерот Таљат Џафери и неговиот колега дезертерот Ковачевски, бизнис со струја на синовите на Заев и Ахмети, жена му на Ковачевски, Кацарска и нејзиниот партиски штаб (СДССМ) што владее со Уставниот суд и ред други скандали…ОДГОВОРНОСТ НЕМА!

(види повеќе: ТРУЛЕЖ НА СИСТЕМОТ

(види повеќе: РЕМОНТ

(види повеќе: МИЗЕРИЈА

Малцинските заедници во Македонија

Македонија е пример и треба да биде рангирана на самиот врв и тоа не во европски, туку и во светски рамки. Зашто правата, слободите и привилегиите што ги уживаат малцинските заедници во Македонија ги нема никаде во светот. И тука сега доаѓаме до еден парадокс што народот го нарекува – преку леб погача. И покрај дадените права и слободи на сите малцински заедници, од Македонија и понатаму се бара и се очекува да прави нови отстапки и да го менува Уставот… Но, непринципиелно се бара, Македонија да го промени уставот за влез на Бугарите во истиот, за да можеме да  продолжиме по европскиот пат, „со што би влегле до 2030 година во Европска Унија“ како што изјавуваат манипулаторите -„маргиналците“ Таче, Ахмети, Османи, Маричиќ, Пендаровски.

За жал, тоа воопшто не е така. Односот на Бугарија кон Македонија по редица прашања е негаторски, односно асимилаторски. Исто така, генералниот впечаток е токму Европската Унија драматично отстапи ги потисна сопствените Копенхашки критериуми за проширување, кога станува збор за Македонија, наметнувајќи ни услови спротивни на нејзините стандарди, кои предходно никому не му биле поставени. Услови што се спротивни на меѓународното право, Виенската конвенција за човекови права, повелбата на ОН и редица други меѓународни документи и декларации… Во својата суштина, Европската Унија е демократска и антифашистичка творба и не смее да останат неми на отворените изблици на фашизам внатре во самата унија. Се’ додека Брисел силно не притисне да се признаат македонското малцинство во Бугарија, земајќи го притоа предвид пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбург, а инсистира во Македонија да внесеме „ грст“ Бугари во нашиот устав. Европската Унија е надвор од своите стандарди. Со вакви ставови и вредности не можеме да се усогласуваме. И неможе да има промена на Уставот.

Мислењето на академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ за македонските политичари (извадок- да се памети за навек): “…Само македонските недостоинственици, понизници, среброљупци и властољупци, кои себеси погрешно се нарекуваат политичари, и нивните апологети, се слепи и глуви дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава. Македонија, како и врз Македонците во соседните држави Грција, Бугарија и Албанија, и насекаде каде што Македонците живеат и опстојуваат како народ. Мене ми се познати два државни документа со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул ХамидII со која се забранува употребата на називот „Македонија“. По повод цензурирањето на Библијата, на пример, во весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот „Македонија“ во Посланијата на апостолот Павле и инсистира тој збор да биде заменет со „Вилаетите Солун и Монастир“ за да дозволи да се печати Библијата“. Вториот документ е Решението на министерот за правда (или неправда) Бојан Маричиќ со кое се забранува употребата на името „Македонија“ при регистрација на правниот субјект Невладино здружение „Млади за Македонија“ при регистрација на правниот субјект од Гевгелија. Каков апсурд, бесмислица и нелогичност – што друго може да се очекува од недостоинственици, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци што погрешно себеси се перцепираат и се нарекуваат политичари. Управниот суд со пресуда го поништи Решението на Министерството за правда за забрана на употребата на терминот Македонија при регистрација на правни субјекти и го врати на одлучување во Министерството за правда. Но, без разлика на крајниот исход во однос на регистрацијата, навек останува дека највисоката правна институција во независна Македонија издала документ со кој се забранува користењето на зборот Македонија! Во врска со синтагмата „разединети во потчинетоста“, остана уште да го објаснам зборот „разединети“. Македонија е разединета по многу основи, па затоа државата не функционира веќе подолго време во континуитет.

Причината за тоа е повторно иста: Mакедонските недостоинственици, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци што погрешно себеси се нарекуваат политичари, поточно нивниот подреден однос кон политичарите од други етнички немнозински заедници или, поконкретно, кон албанските политичари….Тоа создаде држава со партизирани институции, преобемна администрација, нефункционално здравство, образование и правосудство, вработување и напредување не по заслуги, туку со користење бесмислени алатки и незаконски процедури, владеење на беззаконието, погазување на Уставот, законите и процедурите, при што Уставот, законите и процедурите се толкуваат произволно и во сопствена корист, без разлика што во Македонија постојат институции надлежни да судат дали е нешто уставно, законско и дали се испочитувани процедурите. Залудни се сите обиди на мултикултурализмот за надминување на национализмот, залудни се сите политики засновани врз поставување на конструктивност во меѓусебните релации и насочени кон зајакнување на комуникациите и меѓуетничката интеграција на граѓаните, залудни се сите промени во учебниците, залудни се сите обиди за соживот, јазот меѓу Албанците и Македонците сѐ повеќе се продлабочува. Додека македонската кауза и борбата за постоење на македонскиот идентитет, народ и јазик веднаш се прогласуваат за национализам, албанските партии вешто ја користат албанската кауза. Македонија не може да опстане ако за албанските партии де факто постојат само два исхода од преговорите за формирање или за опстојување на владата: или ќе биде тоа што тие го бараат или влада нема да се формира или да опстојува. Тоа не е демократски пристап, но за жал, повторно за тоа исклучиво се виновни македонските недостоинствени, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци, кои себеси погрешно се нарекуваат политичари…“

Целиот текст на академик Љупчо Коцарев, е објавен во воведот на мојата најнова книга МАКЕДОНСКА ОПШТЕСТВЕНА СТВАРОСТ.

Почитувани мои читатели. Пред да ја завршам колумната слушам и читам  и неможам да се изначудам, дека СВР-Охрид од МАКЕДОНИЈА, поднела прекршочна пријава, против адвокатот Тони Менкиноски за истакнување на 40-метарско знаме со сонцето  од Кутлеш на ВОДИЦИ во Охрид. Зарем е ова можно, ова се случува во моја Македонија, против човекот кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија- кои се борат за човекови права и дискриминација со кои се соочуваат во Бугарија, со кој има добиено десетина предмети во Стразбург. Пораката која ја праќаат македонските недостоинствени, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци, кои себеси погрешно се нарекуваат политичари неможат да ги заплашат МАКЕДОНЦИТЕ. И нешто друго, Вие македонски недостоинствени, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци, кои себеси погрешно се нарекуваате политичари да ве потсетам МАКЕДОНЕЦОТ е ПИРЕЈ и има ДУХ НЕПОКОРЕН. Вас неранимајковци ќе Ве осуди овој македонски народ. Поддршка за адвокатот Менкиноски „АИРЛИЈА НЕКА Е“!!!

За Европска Унија, без условувања, со почитување на европските документи и стандарди. Нема промена на Уставот.

Почитувана екселенцијо Анџела Агелер, Али Ахмети треба да му се продолжи да биде на црната листа на САД, кој е опасност за безбедноста, криминалот и корупцијата во регионот и пошироко!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес