Дамовски: Македонија е најголемата жртва на политичката криза

„Македонија е најголемата жртва на овие две и пол годишни процеси коишто се вршат“, изјави Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“ во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека подлабока анализа би открила за повидовите аналитичари дека ова е очекување од исходот, а посебно за креаторите на оваа атмосфера.

Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ гостуваа во „Отвореното студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Државата не функционира – граѓаните со тужба“.