Давидовиќ: Сведочењето на Стефанова покажува колку некадарни обвинители имало СЈО

Нема врска со правото тоа што Лиле Стефанова од Специјалното јавно обвинителство го зборуваше кога велеше дека и кажувале што да работи. Тоа што таа го зборуваше не личи на нешто за што треба да зборува обвител. За жал домашната експертска јавност се жалеше и укажуваше на проблемите, и сега доаѓаме до таа ситуација да се види дека системот не функционира, рече адвокатот Звонко Давидовиќ кој гостуваше на телевизија Алфа.

Според него ова говори дека системот не функционира.

-Лиле Стефанова е дел од тој систем и покажува колку се некадарни и со колку мал капацитет се нашите обвинители. Ова покажува колку судиите се вмешани со политиката и колку судството не е самостојно и не е кадарно да се справи со предметите и ситуацијата. Тоа да го каже еден обвинтел не лични на ништо, посочи Давидовиќ.

Адвокатот рече дека целата ситуација е во насока на тоа дека има потреба од коренити промени во правосудството.

– На пример, ако една Вилма Русковска се закани на судии и институции и нема реперкусии за тоа, тоа значи дека правниот систем е дојден до дното. Ова бара длабиски рез и проветрување на целиот правосуден систем, смета Давидовиќ.