ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати – Иванов прв на гласачкото ливче

Државната изборна комисија со жрепка го утврди редоследот на претседателските  кандидати на гласачкот ливче.

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов ќе се најде прв на гласачкото ливче на 13-ти април. До бројот два ќе биде името на Илјаз Халими, кандидатот на Демократската партија на Албанците, зад него како трет ќе биде Стево Пендаровски од СДСМ, а последен на гласачкото ливче ќе биде Зоран Поповски од ГРОМ.