Директорот си ја вработил сопругата како наставничка во истото училиште каде директорува

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“  во Кочани Гоце Савев ја вработил сопругата Стојка Савева на оглас за наставник по предметот граѓанско образование во истото училиште каде што тој е директор.

Според законот за средното образование, изборот од кандидатите кои ги исполнуваат условите го врши Директорот на училиштето.

Инаку семејството Савеви се истакнати членови на СДСМ.