Гласачките кутии во Албанија се затворија во 19.00 часот со што заврши гласањето за локалните избори низ државата. Според првичните информации излезноста е многу мала, односно гласале околу 20 отсто од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.
Изборите ги бојкотираше албанската опозиција. Премиерот Еди Рама пак најави прес конференција во 21.00 часот.
Инаку, изборите започнаа денеска во 7 часот наутро, а до 15 часот беше слаба излезноста, до кога одѕивот изнесуваше 15,5 проценти. До тогаш вкупно гласаа 546.388 избирачи, од кои најмногу во Тирана е со најголемиот број на гласачи, пренесе Топ Чанел.