Договoрена коалициската влада на Косово

Партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (VV) и Демократскиот сојуз на Косово (LDK) успеаја во саботата да го постигнат конечниот договор за формирање заедничка влада, која ќе ја води лидерот на Самопределување, Албин Курти.

Извори од двете досега опозициски партии изјавија за медиумите дека во текот на денот, во преговори далеку од очите на јавноста, е надмината и последната пречка за формирање коалициска влада, со тоа што Глаук Коњуфца од Самопределување ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Косово и ќе ја отстапи на Деморкатскиот сојуз, веројатно на потпретседателката на таа партија Вјоса Османи.

Најавено е дека лидерите на двете партии, Албин Курти и Иса Мустафа, договорот за коалициска влада ќе го официјализираат во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до функцијата претседател на државата, околу која исто така имаше доста „пазарења“ меѓу двете партии, договорено е за неа да се одлучува кога ќе му истече мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, во април 2011 година.

Седницата на која ќе се гласа за предлогот на Курти, кој го доби мандатот за состав на новата влада како лидер на партијата победничка на изборите од 6 октомври, е закажана во понеделник 3-ти февруари, во 11 часот.