„Не би сакал да го коментирам Љубчо Георгиевски, не ме интересира тој човек. Тоа се тие ликови на таа издвоена политичка елита кои немаат допир со интересите на македонските граѓани туку тоа се ликови кои што едноставно нив судбината на Република Македонија и иднината на Република Македонија не ги интересира. Тие ја гледаат својата позиција, ги гледаат своите интереси, и своите некакви фрустрации, меѓутоа и свои лукративни интереси итн. Поради тоа не вреди да се говори за позицијата на Љубчо Георгиевски“, истакна Јован Донев, универзитетски професор и поранешен амбасадор во емисијата „Што не е јасно“.
Донев додаде: “Нека му остане на чест на Георгиевски, бил премиер на Македонија, исплукал се што говорел претходно, земал туѓо државјанство. А, за жал ги има доста луѓе како него што ја продаваат македонската историја за пари“.
-Бучковски е иста приказна како Георгиевски. Бучковски дури и немаше потреба таа позиција да ја прифати, воопшто не знам зошто ја прифати. Но тоа е негов избор како на Георгиески. Нема зошто тоа да го прави, ниту ја знае таа проблематика. Не верувам дека има познавања од бугарската историја за да може да зборува со авторитет со Бугарите. Не верувам дека има познавања и од бугарската политика исто така за да зборува со авторитет, рече Донев.
Донев посочи дека и Бучковски е еден од тие ликови кој мора да е на функција за да може Заев да го продаде тоа што го смислил.