Дождливиот и студен Октобарфест заврши во понеделникот со вкупно помал број посетители отколку пред три години, пренесува германската новинска агенција DPA.
Поради пандемијата на коронавирусот традиционалниот минхенски настан не се одржа во 2020 и во 2021 година. Меѓутоа, надежите дека посетеноста ќе се врати на нивото од 2019 година не се остварија.
Организаторите велат дека најпознатиот светски фестивал на пивото во текот на двете седмици ги посетиле 5,7 милиони луѓе, што за повеќе од половина милиони помалку отколку во 2019-та, кога оваа бројка изнесуваше 6,3 милиони луѓе.
Лошото време веројатно бил еден од факторите кои придонеле за ваквиот показател. Шефот на Октобарфест, Клеменс Баумгартен вели дека ги имале најлошите временски прилики во последните 20 години. Настанот пред повеќе години беше преместен од октомври во септември за да се избегнат дождот и студеното време.
Баумгартен не верува дека помалку посетители дошле поради растечкиот број на зарази со коронавирус во престолнината на сојузната покраина Баварија, што беше доведувано во поврзаност со годинешниот Октобарфест.
Финансиските грижи поради сѐ поголемите цени на енергенсите, исто така, веројатно не претставувале значителен фактор, додава Баумгартен,
Испиени се околу 5,6 милиони литри пиво за разлока од 7,3 милиони литри пред три години.
Се намалил и бројот на корисниците на лунапаркот, како и барањето медицински услуги, но џепарењето пораснало за околу 50 отсто.
Поголем број посетителите дошле од поширокото подрачје на Минхен, а гостите во просек биле помлади отколку минатите години.