Кошаркарите на македонскиот претставник во 15-то коло од регионалната АБА лига, МЗТ Скопје Аеродром во петокот на својот паркет во СРЦ „Јане Сандански“ беа поразени од ИГОКЕА од Лакташи со кратиет Уште една шанса, и уште една упропастена можност беше дуелот со резултат 68:77 (16:19; 17:17; 19:17; 16:24), остварувајќи го еденаесеттиот последователен пораз во ова натпреварување.
Со последниот пораз МЗТ ја продолжува агонијата започната оваа сезона, и тоа против единствениот противник, покрај белградски Партизан, во АБА лигата кого оваа сезона го совладаа.
Меѓутоа, колку што домашните играчи се чини се демотивирани, толку гостите во петокот беа решени да се одмаздат и со победа да се реваншираат и да го поправат своето салдо на табелата.
ИГОКЕА уште на почетокот поведоа со 11:2, на што реагираше капитенот Стојановски со пет кошови во серија за приклучок во резултатот (10:15). Но очигледно беше дека МЗТ има проблеми особено со скокот во одбраната, што им овозможуваше на гостите постигнување лесни поени од втор обид, а и многу простор на противничката половина. Следеше серија од 6:0 со која МЗТ Скопје се врати на само три поена заостанување (16:19) по првата четвртина.
Стојановски и Мавра успеаја да му го донесат единственото изедначување на МЗТ(24:24), во 13 минута. Во овој период почна да погодува и Бојан Трајковски, па домашните навивачи се понадеваа на можен пресврт. Меѓутоа, следеше серија на гостите од 7:0 и резулатско одлепување на (34:27). Притоа не помогна ниту тајм-аутот за МЗТ, затоа што веднаш потоа гостите дојдоа до највисоката предност од девет поени (36:27). Сепак, со нова серија од шест поени, МЗТ на полувреме замина со подносливо заостанување од три коша (33:36).
Во второто полувреме ИГОКЕА се одржуваше на резултатска дистанца до осум поени, во 27 минута од дуелот (51:43). Стојановски во тие моменти погоди „тројка“ со што намали на 48:51,серјата на МЗТ продолжи со осум поени па по третата четвртина резултатот гласеше мининални 52:53 за гостите.
Последната делница започна со грешките на Мавра, коишто со „тројка“ ги анулираше Минчев за 55:57. Набрзо гостите од Лакташи заиграа поцврсто и првпат дојдоа до двоцифрена предност (67:57) на пет минути до крајот. Стојановски успеа само да врати малку надеж намалувајќи со „тројка“ на 61:69, но од спротивната страна возврати Радивојевиќ, а Игокеа на три минути до крајот влезе со сигурна предност 74:61, што за ваков МЗТ беше недостижно.