Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во третманот на тешки случаи на Ковид-19 во ЕУ, јави ДПА
-Ние нема да оставиме еден камен непоместен во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против коронавирусот, изјави Стела Киријакидес, еврокомесарката за здравство.
Одобрувањето на извршната рамка на ЕУ, издадено во петокот, според германската агенција, е оследниот чекор на лекот да му се даде зелено светло за употреба.
Ремдесивир е првиот лек што се здоби со вакво одобрение за употреба во ЕУ.
Ремдесивир, произведен од американската биотехничка компанија „Гилеад“, првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.
Меѓународната студија на крајот на април со над 1.000 учесници покажа дека реместивирот може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со Ковид-19 во просек од 15 на 11 дена, пренесе ДПА.