Халандската полиција објави во средата дека местото за тестриање на коронавирусот северно од Амстердам изгледа е намерно насочена, по експзијата коај се случула таму пред да биде отворен пунктот.
Експлозијата во градот Бовенкарспел, 55 километри северно од Амстердам, разнела прозорец но не предизвикала човечки жртви, се наведува во соопштението на полицијата на регионот. Додаваат дека поради истрагата е оградена областа.
„Таму морало да биде поставен експлозив“, изјавил полицискиот портпарол Мено Хертенберг за Reuters и додал дека експлозијата ја предизвикало „нешто метално“.
„Сѐ уште не знаеме што експлодирало, во прв ред тоа мора да го истражат експертите за експлозии. Она што сакаме да го кажеме едека нештата како што беше ова не се случуваат случајно, туку дека е поставено“, додал Хартенберг.