
Европската унија нема да дозволи да биде уценувана и од Турција бара да го почитува договорот за запирање на мигрантите, изјавија во петокот во Загреб министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
На вонредниот министерски состанок ЕУ се обидува да договор заеднички одговор на кризата којашто се закани со нов голем мигрантски бран кон нејзините западни членки.
Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ пред состаникот ја поддржаа Грција за преземање на сите неопходни мерки за заштите на надворешните граници на Унијата и го поздравија примирјето во сириската покраина Идлиб, кое ден претходно го постигнаа Русија и Турција. Најавија дека ќе ја разгледаат иницијативата за создавање бебзедна зона на северот од Сирија и за дополнителна финансиска помош на Анкара.
„Турција носи голем товар за згрижување на бегалците, но истовремено е неприфатливо мигрантите да бидат средство за притисок“, изјави за новинарите високиот комесар за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Министрите на ЕУ тврдат дека кон грчката граница тргнеле мигрантите кои со години се наоѓаат во Турција, а не оние кои бегаат пред насилствата во сириската покраина Идлиб.
„Тое е јасен доказ дека ова придвижување го создала и оркестрирала Трција. ЕУ нема д адозволи инструментализација на патењето на луѓет“, изјави грчкиот министерот за надворешни работи, Никос Дендиас.
Признавајќи ги заслугите на Турција за запирање на мигрантскиот бран во 2015/2016 година, хрватското претседателство со ЕУ ја повика Анкара да се врати на почитувањето на договорот од 2016-та.
„Тоа е она што го сакаме, верувам дека тоа е единственото решение да не се повторат ситуациите од пред четири и пол години“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Смета дека мигрантите кои последните денови стасале на грчката граница треба да се вратат во Турција.
Земјите членки на ЕУ се солидаризираа со Грција и ја поддржаа да ги преземе сите сите неопходни мерки за заштита на надворешните граници на Унијата. Но некои го одобруваат, а некои не користењето на гумени куршуми против мигрантите.
Шефот на холандската дипломатија смета дека при заштитата на границите треба да се води сметка за достоинството на мигрантите. „Јас не сум таму, на самото место, но кон сите луѓе треба да се однесува со почитување“, вел Стеф Блок.
Но дека гумените куршуми се легитимно средство за одвраќање на мигрантите, смета естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.
„Одбраната на надворешните европски граници не е хуманитарно, туку безбедносно прашање, иако има хуманитарни аспекти. Грците може да ги преземаат сите мерки за да се спречи кршењето закон“, рече.