Еврејската заедница и Фондот на холокаустот реагираат на регистрацијата на „Цар Борис III“

По Ванчо Михајло во Битола, и бугарскиот Цар Борис во Охрид ги буди духовите од минатото.

По Ванчо Михајло во Битола, и бугарскиот Цар Борис во Охрид ги буди духовите од минатото. Контроверзната историска личност предизвика реакција од еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаусотот, од каде велат дека се згрозени од глорификацијата на фашизмот и ширењето на говор на омраза.

Случајот според нив е класичен пример на негирање на холокаустот, исмевање и навреда за евреите. Бараат државата да застане на пат на ваквите појави за кои велат дека не носат ништо добро за сите во државата.

Според Леви, името на Цар Борис е синоним за се што се случило со еврејската заедница во Македонија за време на втората светска војна.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со здружението преку нивната фејсбук страна, за став во врска со реакциите во јавноста, но одговор не добивме. Инаку според информациите објавени на страната на Централниот регистар, здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари, Цар Борис 3 од Охрид е регистрирано во ноември минатата година.

Ова е втор случај по „Ванчо Михајлов“ во Битола на регистрација на здружение со име на контроверзна личност од втората светска војна, за која постојат докази дека бил соработник со нацистите. Еврејската заедница во меѓувреме проверува и дали куќата во која е сместен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов некогаш му припаѓала на еврејско семејство.