![evropa koronavirus maski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/evropa-koronavirus-maski.png?resize=696%2C396&ssl=1)
Повеќе од 300.000 луѓе починале како последица од компликациите предизвикани од инфекцијата со новиот коронавирус, според податоците кои ги собира агенцијата Reuters во вторникот, додека властите стравуваат дека бројот на заразите и на починатите ќе продолжи да расте со доаѓањето на зимата, и покрај надежите дека наскоро би требало да биде одобрена вакцината за Covid-19.
Европа, во која се смета и Русија, сочинува само 10 отсто од светската популација, но има речиси четвртина од вкупно 50,7-те милиони заразени во светот и од 1,2 милиони починати на глобално ниво, па дури и болничките и здравствените системи на Стариот континент, кои инаку се добро опремени, се тешко оптоварени.
Откако претходно годинава со острите мерки на „затворање“ на стопанствата и ограничувањата на движењето во Европа се успеа некако да се контролира пандемијата, новиот бран кој се покажа посилен и пожилав, го заплисна континентот кон крајот на летото и националните влади посегнаа повторно по низа ограничувања.
Европа во вторникот вечерта достигна 12,3 милиони случаи на заразата и 300.114 починати. Во Европа во текот на изминатата седмица беа регистрирани по 280.000 заразени лица на дневно ниво, што претставува раст од 10 отсто во однос на претходната седмица, и повеќе од половината од сите новозаразени во светот на дневно ниво.
Надежите и оптимизмот ги разбуди објавата од понеделникот на aмериканската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ дека нивната вкацина во клиничките испитувања постигнала ефикасност над 90 отсто, бидејќи во Европа со сомневање се гледа на руската вакцина „Спутник V“ чии производители исто така соопштија за повеќе од 90-процентна ефикасност но кај луѓе кои ја примиле вакцината додека прелиминарните показатели од последната трета фаза ќе бидат познати наскоро, Меѓутоа, за која и вакцина да станува збор, таа нема да биде широко достапна пред 2021 година, а дотогаш здравствените системи ќе мора да ја пребродат кризата со пандемијата во зимските месеци.
Експертите во Велика Британија, која ја има најголемата стапка на смртност од Covid-19 во Европа со над 49.000 починати, предупредуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд од повеќе од 20.000 новозаразени на ден, земјата може да ја погоди најлошото сценарио со 80.000 починати од компликациите предизвикани од инфекцијата со коронавирусот SARS-CoV-2.
Франција, Шпанија, Италија и Русија потврдиле редоследно стотици смртни случаи на ден и, заедно со Велика Британија, вкупно сочинуваат речиси три четвртини од сите смртни исходи од Covid-19 во Европа.
Откако се соочија со можниот голем бран од губење на работните места и пропаѓање на фирми па и поголеми компании, што би предизвикало последователно социјални тензии и немири, владите ширум континентот правдајќи се со принуда наредија рестриктивни мерки, вклучиетлно локални полициски часови, затворање на продавниците кои немаат витално значење и забрани за движење.
Франција, најлошо погодената земја во ЕУ, потврди повеќе од 48.700 заразени на ден минатата седмица, а во парискиот регион минатата седмица 92 отсто од капацитетите на одделите за интензивна нега биле пополнети. Соочени со слични притисоци се и болниците и во Белгија и во Холандија, каде што болниците се принуденни пациентите да ги испраќаат во Германија.
Италија, којашто стана симбол на коронакризата во светот кога пролетва годинава воени камиони мораа да ги превезуваат починатите од болницата во Бергамо, достигна дневен просек од повеќе од 32.500 случаи на коронаинфекцијата. Расте и бројот на смртните случаи и изнесува повеќе од 320 на ден во изминатите три седмици.
И додека ќе биде потребно време да пристигне вакцината којашто ја развиваат „Pfizer“ и „BioNTech“ властите се надевааат дека нема да има натамошно избувнување на заразите кога ќе измине зимата.
Од друга страна, голем проблем кој се заканува е и темпото на економското закрепнување од кризата што ја предизвика пандемијата. Аналитичарите на „Citi Private Bank“ велат дека вестите за вакцината „се првиот голем чекор кон пост-ковид светската економија“.
„Повеќе од кој и да е фискален потрошувачки пакет или кредит од централната банка, здравственото решение на Covid-19 има најголем потенцијал за обновување на економските активности до полниот потенцијал“, се вели во соопштението на финансиските аналитичари.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во понеделникот, само неколку часа откако споменатите две компании објавија ветувачки резултати од клиничките испитувања, дека Европската унија наскоро ќе потпише договор за набавка на 300 милиони дози.
Здравствените стручањаци, сепак, предупредуваат дека вакцината не е семоќна, на пример генетскиот материјал од кој е изработена мора да биде складиран на минус 70 Целзиусови степени.
Таквите барање, пак, поставуваат големи предизвици во државите во Азија, Африка и Латинска Америка, каде што температурите се високи, а инфраструктурата за складирање лекарства е сиромашна.