
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП – ECHR) го одби барањето за итни мерки кои ги бараше Русија, особено на Украина да ѝ се нареди „запирање на блокадата на каналот Северен Крим“.
Русија најави во четвртоко дека во правниот огранок на Советот на Европа му предала меѓудржавно барање во кое ја обвинува Украина дека е одговорна за уривањето на авионот на летото MH17 во 2014 година над југоисточните одметнати регуини и за загинување на цивили во кризата која ги спротистави двете соседни земји.
Во рамките на ова барање, Русија итно бараше судот со седиште во Стразбур да ѝ нареди на Украина да „стави крај на укинувањето на правата на рускојазичното население и да му овозможи пристап до мајчиниот јазик во училиштата, медиумите и на интернет“. Москва, исто така, бараше Судот да му нареди на Киев да ја „запре блокадата на каналот Северен Крим“.
Судот во Стразбур наведе дека „решително го одбил“ овие две барања, оценувајќи дека „не постои стварна опасност од непоправлива штета за некое темелно право“. Ова отфрлање нема влијание врз пријавата од четвртокот којашѓто ќе ја разгледаат паневропските судии, појаснил извор од Судот.
Русија ги обвинува прозападните власти во Киев кои дојдоа на власт по крвавиот преврат во март 2014 година кога ја соборија владата поврзана со Москва дека се одговорни за смртта на цивилите во текот на ткн „Мајдански бунт“ и во текот на војната којашто следеше кога украинската власт ги укина правата на доминантно рускојазичните и руски региони на истоот на земјата во кои загинаа повеќе од 13.000 луѓе.
Москва, исто така, повикувајќи се на својата истрага темелена на сателитски снимки и сведочења украински воени пребези тврди дека Украина е виновна за уривањето на патничкиот авиот на компанијата „Malaysia Airlines“ во јули 2014-та над областа Донбас каде се водеа борбени дејствија.
Москва во своите истраги наведува дека во патничкиот авион е стрелано од украински ловец, а дека во областа од каде е соборен авионот при што загинаа 298 луѓе се наоѓал ракетен систем БУК на украинските владини сили. Покрај тоа Русија истакнува дека Украина поради борбите морала да го затвори воздушниот простор над источните региони и не преземала намерно никакви превентивни мерки да се користи појужната воздушна рута.
Холандската истрага, чии државјани најмногу загинаа во овој инцидент, смета но сѐ уште без приложување сигурни докази, дека авионот бил соборен со ракета од системот БУК но кој бил префрлен од Русија во областа на судирот, и оти наводно го урнале проруските сепаратисти сметајќи дека гаѓаат украински боребен авион. Но Москва даде противаргумент дека димензиите на патничкиот авион се повеќекратно поголеми од оние на борбен авион. Покрај тоа, се наведува дека токму проруските сепаратисти ги предадоа на меѓународните истражни органи деловите од соборениот авиони, бидејќи остатоците паднаа на територијата под нивна контрола.
Ова е првото меѓудржавно барање на Русија против Украина, којашто поднела четири такви барања против Русија, наведуваат до Судот во Стразбур.