Македонија осамна како вест на високото престижното лондонско списание „Фејнешнл Тајмс“, но овој пат како земја која мора итно да направи попис на населението.
Земјата која и досега беше во друштво на Сомалија и Украина како земји во кои не е преброено населението повеќе од 10 години, а кај нас дури две децении се нагаѓа бројот на жители списанието повикувајќи се и на изјавите на шефот на државата го вклучува алармот наведувајќи
Со пописот во 2002 година во земјата се регистирани речиси 2,1 милиони луѓе. Анализата на регистрите на родени и на починати, како и даночните и други бази на податоци, наведоа повеќе експерти на заклучок дека реалното население сега е близу до 1,6 милиони .
„Фајненшл Тајмс“ потсетува дека пописот кој првично беше најавуван да се одржи оваа година беше одложен поради предвремените парламентaрни избори, додавајќи дека владејачките социјалдемократи предлагаат тој да се организира во април следната година.
– Пописот во минатото беше одлаган поради неподготвеноста да се потврди прецизно етничкиот состав на населението меѓу Македонците, Албанците и другите малцинства. Пописот од следната година во Македонија треба да обезбеди важни податоци за стапките на вработување и природниот прираст, смета авторот на статијата.
Во гостувањето на ТВ 24 пак директорот на ДЗС посочи дека очекува пописот да се спроведе на пролет догодина со како што рече нов метод во кој е содржано одење на терен но и со користење на базата на податоци и електронски прашалник.
Од европските земји но и оние од регионот за сега само Македонија и Босна и Херцеговина се уште немаат закажано конкретен датум кога ќе се одржи пописот. И премиерот Заев во неговите изјави за медиумите посочуваше дека ќе се залага за што поскоро спроведување и пребројување.
Последниот попис во земјава се реализира во 2002 година, по воениот конфликт. Во 2011 година имаше обид за спроведување попис, но попишувањето беше прекинато со одлука на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. За овој случај СЈО отвори и предмет, во кој беа опфатени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.