(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (10)

Со Перо Стамболиќ еднаш бевме на Косово. И јас понесов некои стари карти од места во Австрија каде што живееле моите претци, па и некои документи кои ги имав, и уште некои други работи кои што беа мои. Мојот предок беше свештеник во тој крај на Косово и си заминале уште пред Косовоската битка.

И јас тогаш ја земав таа документација која што ја имав. Тука беа и косовските раководители и Перо Стамболиќ. Им ги отворив картите и им реков: Јас би сакала да ме одведете таму каде што живееја моите претци. А, Фадиљ Хоџа тогаш ми рече: „Тука веќе нема никој, таму се’ е раскопано, нема ништо“.

Српските раководители кукавички се однесуваа кон проблемот со Косово. Никој не сакаше да види што точно се случува таму. Тито го виде тој проблем, но притисокот беше поголем од оној на Словенија. Во тоа е и проблемот што Тито тогаш не го отвори тоа прашање.

Тие беа главни на Косово, организираа штрајкови, тие таму владееја, а тоа и денес го прават. Но, никој тоа не го гледа. И какви се последиците и тоа никој не го гледа.

А српските раководители во тоа време, верувајте, многу малку или воопшто не преземаа по прашањето кое што се однесува на Косово.

За муслиманите не знам како се држеа околу Косово. Хрватите ги покриваа Словенците и тие за тоа даваа амин.

Што се однесува за Косово, јас пораснав со песните на косовскиот циклус. Јас сум така воспитана. Мене на Косово ми е и срцето и душата. Многу тешко ми паѓа за тоа. Јас знам што можеше да се случи таму. Подобри работи не само за Србите туку и за Албанците кои живеат таму.

Но, за тие работи никој не сака да зборува.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.