(ФОТО) Грчки весник објави мапа за поделба на Македонија

Под наслов „Решение е една граница со Србија“, грчкиот весник „Елефтери ОРА“, во неделното издание од 21-ви јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Инаку овој грчки весник важи за близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии, објави карта.

Во поднасловот на текстот стои грчката химна за Македонија:

„Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ќе бидеш грчка, најголемата гордост на секој Грк, а ние грчките деца венец ти плетеме. Мекедонците не можат да живеат поробени, дури и да изгубат се се’ уште ќе ја имаат нивната слобода. Дијамантската круна на глава стави, и да те прогласиме Македонија, пак. Грчките деца ти се радуваме, прво и вие во страдањата на цел свет влезете“.

Она што посебно може да се забележи дека во весник пишува дека поголемиот дел од Македонија и’ припаѓа на Грција.

Објавувањето на таква карта, придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас, е сериозна провокација за мирот во Балканот.

https://www.youtube.com/watch?v=AnIuu0WZ0BY