Неколку лица се повредени од предупредувачки истрели на полицијата во текот на растурањето на протестот во петокот вечерта во холандскиот град Ротердам, пренесе електронското издание NL Times повикувајќи се на на соопштението на градската полиција.
Претходно беше објавено дека полицијата во Ротердам испукала предупредувачки истрели во текот на протестите организирани од страна на противниците на воведувањето на рестриктивните епидемиолошки мерки против епидемијата на коронавирусот.
„Има настрадани во врска со истрелите“, се вели во соопштението на полицијата кое го цитира весникот, а јавниот радиодифузен сервис јави дека има најмалку две ранети лица прикажувајќи снимка на којашто се гледа повреда во ногата на млад маж.
„Полицијата беше принудена да отвори предупредувачки оган, а најмалку две лица се повредени. Околностите и причините за истрелите сѐ уште се непознати“, се наведува во извештајот на јавниот сервис.
Претходно во петокот вечерта беше објавено дека во текот на протестите против ограничувањата, демонстрантите фрлале камења и пиротехника кон полицијаците извикувајќи „Слобода!“. Во безредијата најмалку едно полициско возило било запалено, а уште едно демолирано. Во текот на обидот да го изгаснат пожарот, полицајците исто така биле гаѓани со камења, се наведува во прилогот.
Незадоволството на демонстрантите е предизвикнано од рестриктивните мерки воведени во заднината на острото зголемување на бројот на зарази и хоспитализации со Covid-19, како и плановите на владата да го воведе ткн систем 2G, при што ќе се издаваат здравствени пропусници само за лица кои ја прележале болеста или се целосно вакцинирани, но не и на оние кои имаат негативен тест на коронавирусот.
Минатата седмица вршителот на должноста премиер Марк Руте изјави дека властите одлучиле да воведат низа рестриктивни мерки во справувањето со растечкото ширење на коронавирусот во земјата, а кои ќе бидат на сила до 4-ти декември, а ќе бидат разгледани ден порано.
Продавниците и супермаркетите кои продаваат основни производи, аптеките, како и рестораните, кафулињата и баровите мора да затвораат во 20 часот. Другите дуќани, како и физерските и Скозметичките салонии ќе бидат отворени до 18 часот. Спортските настани ќе се одржуваат без гледачи, но ограничувањата нема да важат за концерните сали, кината и театрите, се воведува прописот за одржување на физичко растојание од 1,5 метар и издадена е препорака за огранизирање на работата од дома во професиите каде што тоа е можно.
Het gaat steeds harder
Traangas … #Rotterdam #Coolsingel #2GNEE#2Gweigeraar @markrutte
The Netherlands: police uses LIVE-ammunition and shots fired – 1 protester pssibly dead, deadly wounded. Against the #2G protests against the #coronavirus dictatorship.Watercanons 2x pic.twitter.com/lxzszuJM63
— Newo Judicial. Tegen de Journalist als ‘Expert’! (@oakentersagain) November 19, 2021