Британската 25-годишна манекенка Џаел Коен Арис вели дека кинеска компанија ги користела нејзините фотографии без согласност да ја направи „играчката за возрасни“.
Гостувајќи во утринска шоу-програма This Morning show на каналот ITV тврдеше дека нејзиниот лик е украден и е искористен да се направи секс-кулка со оценката X. Всушност, го користеле и нејзиното име и направиле кукла до запрепастувачка сличност, дури и ја уфрлиле малата бемка којашто ја има под усната.
Ужаснатата манекенка дури го пронашла и форумот на којшто се нејзините вистински фотографии а коишто биле користени за промоција на производите.
Џаел, ѕвезда на Instagram со повеќе од милион следбеници, апелира куклите да бидат повлечени од продажба и има намера да поднесе тужба против компанијата која ги произведува. Уверува дека куклата е направена без нејзина согласност.
View this post on Instagram
„Не можев да разберам што гледам, тоа беше сексуална кукла на продажба. Тогаш не ги сфаќав размерите на тоа и што се случува… Немам ништо против индустријата на секс-кукли, но проблем е што тоа го сториле без моја согласност и без мое знаење. Исто така, тоа е двојно погрешно бидејќи е поврзано со мојот идентитет. Тоа не се само кукли коишто личат на мене или се инспирирани од мене, никогаш не го криеле фактот дека е резвиена според мене“, појасни Џаел.
Таа уште во 2019 година ги известила своите следбеници на социјалната мрежа за своето сознание и оти е фрустрирана од тоа што куклата сѐ уште се продава.
„Дознав дела голема компанија направила секс-кукла според мене без моја дозвола или мое знаење. Не, не е шега, тоа е навистина. Дури и ја нарекле куклата ‘Џаел’. Сѐ уште сум шокирана, навистина не знам што да правам“, вели лутата манекенка.
На прашањето на водителот дали би прифатила процент од профитот од продажбата на куклите, Џаел одречно одговори.
„Не, мислам дека во прв ред треба да биде тргната од рафтовите, а потоа можеби би можеле да разговараме за тоа како работите тргнале наопаку и зошто. Не зборувам за надомест, мислам дека поважно е да се извлече поука од оваа сторија“, вели Џаел.
Новинарите ја контактирале киенската компанија којашто ја произведува спорната кукла, но велат дека не добиел одговор.
View this post on Instagram