(ФОТО) Организирано се собираат луѓе и се носат на гласање

Огромни изборни нерегуларности во скопската општина Шуто Оризари, активисти на владејачката партија организирани во агитираат крај избирачките места.

Во исто време, преку социјалните межи активистите на СДСМ организираат земање од дома на гласачи.

– Од кај автобуската станица 19-ка има таксисти за носење луѓе да гласаат. Пишете ми во месенџер ќе дојдеме да ве земеме ако не можете да излезете да гласате поради дождот – пишува активист на СДСМ на фејсбук.