![turcija reprezentacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/turcija-reprezentacija.jpg?resize=696%2C475&ssl=1)
Фудбласките селекции на Франција и Труција остварија победи во неделата во последното деветто коло од Групата Х во квалификациите за ЕУРО 2020, потврдувајќи го пласманот на континенталниот шампионат.
Франција на гостувањето ја победи Албанија со 2:0, додека Турција со идентичен резултат славеше кај Андора. Головите за славјето на актуелните светски прваци беа Корентен Толисо во 9 и Антоан Гризман во 30 минута, додека за турската селекција двата погодока ги постигна Енес Унал во 17 и 21 минута од пенал.
Во третиот натпревар од ова група Исланд на гостувањето кај Молдавија победи со 2:1 и шансата за настап на Европското првенство ќе ја бара во доигрувањето. Исланд поведе во 17 минута со голот на Биркир Бјарнасон, израмни Николае Милончеану во 56 минута, а победата на гостите им ја донесе Гулфи Сигурдсон во 65 минута. Сигурдсон имаше и пенал во 78 минута, но беше непрецизен.
Франција го освои првото место во групата со 25 бодови, Турција е втора со 23 бода, додека Исланд е трет со 19 бодови. Следат Албанија со 16, Андора со 4 и Молдавија со 3 бода.
Во Групата А, Англија на Косово повторно заблежа убедлива победа со 4:0, а стрелци беа Вилкинс во 32, Кин во 79, Рашфорд во 83 и Моунт во првата минута од судиското продолжување.
Во вториот меч од истата група Бугарија ја совлада Чешка со голот на Божиков во 56 минута, за само единствената победа на неговата селекција во овој квалификациски циклус.
Англија со 21 бод, седум победи и еден пораз со гол-разлика 37:6 е првопласирана, додека Чешка со 15 бодови и гол разлија од само 13:11 како второпласирана успеа да се квалификува на ЕУРО 2020. Косово е на третото место со 11 бодови и негативна гол-разлика 11:13. Бугарија со три ремија и една победа собра 6 бодови со гол разлика „минус 11“, а крајно разочарувачки е настапот на Црна Гора која без победа со три ремија и гол ралика од 3:22 е последна петта со три бода.