Франција поради „британскиот“ сој на коронавирусот може да донесе нов карантин

Веројатно ќе биде „апсолутно неопходен“ нов карантин доколку „чувствително се зголеми“ циркулирањето на новиот сој на коронавирусот кој ланскиот декември се појави во Велика Британија, предупреди во четвртокот францускиот министер за здравство Оливие Веран.

„Доколку циркулирањето на овој сој чувствително се зголеми и доколку зачекориме по англиската патека, карантинот верјатно ќе биде апсолутно неопходно. Ширењето на англиската варијанта на француската територија може да стане решавачки елемент во стратегијата на борбата против епидемијата која би можеле да ја започнеме следните денови и седници“, рече министерот Веран зборувајќи пред правната комисија на францускиот Сенат.

Министерот за здравство во четвртокот пред пратениците во горниот дом на францускиот парламент зборуваше за планот за законот за продолжување на здравствената вонредна состојба во земјата.

„Кога зборувам за трката со времето, ги одмерувам зборовите. Тое е решавачкиот чекор за следните денови, седмици и месеци“, истакна Веран.

Во Франција во моментов ткн „британскиот“ сој сочинува околу 1,4 отсто од вкупниот број коронаинфекции на дневно ниво, како што покажа неодамнешното истражување на сите PCR позитивни тестови.

Откривањето на овој сој во Англија, ова многу позаразна варијанта на коронавирусот ја загрижува меѓународната заедница. Иако се чини дека не е многу поопасна за потешките форми на болеста Covid-19 и за смртноста од неа, таа може да претставува поголем проблем со повеќе заразени во болниците и зголемена опасност од преоптовареност на здравствените системи.

Велика Британија сега има потешки проблеми во болниците, но и другите соеви, меѓу кои се оние и откриените во Јужноафриканската Република и во Бразил, исто така, предизвикуваат загриженост во светот.