Француската бизнис елита се запозна со можностите за инвестирање во земјава

Македонија, на овој саем кој е наменет за членови на бизнис заедницата кои се пред се заинтересирани за проширување на своите капацитети во други држави, се престави со свој штанд.

Во склоп на активностите се одржа инвестициски форум каде се  презентираа поволностите и можностите за инвестирање во Македонија.

Делегацијата присуствуваше и на официјален ручек, организиран од страна на Стопанската комора на Лион каде присуствуваа над 200 најзначајни личности, односно политичари, преставници на бизнис комори, кластери како и најуспешни компании од регионот.

Членовите на делегација одржаа и индивидуални средби со претставници на бизнис заедницата кои изразија подлабок интерес за инвестициските потенцијали кои ги нуди Република Македонија.

Со денешните настани завршува дводневната посета на македонската економска делегација на Франција. Делегацијата предводена од вицепремиерот Пешевски превзеде активности за промоција на Македонија во двата најголеми градови во Франција по градот Париз.