
Едногласно поддржани заклучоците за судска независност. Дванаесете заклучоци на Судскиот совет на Република Македонија за заштита на судската независност едногласно беа поддржани од судиите и претставниците на релевантни институции кои учествуваа на денешната тркалезна маса.

Бранко Ушковски, претседателот на Судскиот совет, презентирајќи ги заклучоците, рече дека примарна и приоритетна цел е да се почитуваат основните начела со кои се гарантира независноста на судот утврдена во Уставот, законите и меѓународните договори.
Судскиот совет е самостоен и независен орган во судството кој активно ќе дејствува за заштита на независноста на судската власт, ќе се залага за објективни критериуми при изборот и унапредувањето на судиите и ќе продолжи да ги следи судовите дали правилно се распределуваат предметите на судиите и дали тие се добиваат по автоматски пат по приемот на предметот во судот, рече Ушковски.
Во заклучоците е наведено дека Судскиот совет ќе продолжи со поефективно остварување на примарната улога во заштита и зајакнување на функционалниот имунитет на судовите, како и почитување на европските стандарди по однос на начелата за одговорност, односно дисцилинските постапки да се водат само по услови утврдени со закон и со обезбедена можност за жалба против одлуките на Советот.
За воведување на ова начело потребно е да се конституира Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судијата, истакна Ушковски.
Во однос на буџетот за судството, потребно е да се продолжи со негово зголемување и да се донесува со најголемо почитување на начелото на судска независност.
Ушковски посочи…