Поранешниот тренер и фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо повторно ќе работи во Италија, ако може да се верува на шпекулациите на италијанските медиуми.
Италијанците пишуваат дека Гатузо ќе се врати во Серија А и ќе го преземе кормилото на Торино, иако го посакуваше и Џенова, како и Сампдорија.
Торино загуби во минатото коло од Удинезе и сега се на 10. позиција на табелата, а Валтер Мацари наскоро би можел да добие отказ.