Германија извести за резултатите од повторни анализи на примероци од Навални

safety level 3 laboratory (high-security laboratory) at the Helmholtz Centre for Infection Research HZI, in Brunswick, Germany, May 8, 2020. Researchers at the HZI have reportedly detected antibodies that could prevent the novel coronavirus from entering cells. (Julian Stratenschulte/dpa via AP)

Германската влада во понеделникот извести дека три различни независни лаборатории во земји на Европската унија потврдиле пристуство на нервниот агенс од групата „новичок“ во примероците од рускиот опозициски блогер Алексеј Навални.

Сепак, официјален Берлин сѐ уште нема одговор на понудата и барањето од Москва за размена на примероците на Навални, како и за заеднички експертски тим, бидејќи анализите на три независни лаборатории во Русија веднаш откако на опозиционерот му се слошило не дале потврда за присуство на отрови во неговиот организам. Покрај тоа, руските научници кои своевремено учествувале во развојот на овој нервен агенс, се сомневаат дека врз Навални може да бил употребен „новичок“, поради неговата извонредно голема токсичност и дејство врз поголем простор.

„Германската влада, заедно со Франција и Шведска, побараа од другите европски партнери да спроведат независна повторна проверка на наодите на Германија врз основа на новите примероци на Навални. Резултатите од овој тест, спроведени во специјални лаборатории во Франција и во Шведска, се достапни и тие ги потврдуваат податоците од Германија“, се истакнува во текстот.

Германската влада, исто така, наведува дека Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) ги добила примероците од Навални и започнала нивна анализа.

„Независно од сегашните истражувања на OPCW, паралелно три лаборатории потврдија дека причината за труењето на Навални е нервен агенс од групата ‘новичок’“, информираше владата во Берлин.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт го нарече наводното труење на Навални, кому му се слошило на лет од Томск за Москва на 20-ти август, „тешко кршење на Конвенцијата за хемиското оружје“.

Германската влада на 2-ри септемви соопшти дека откако три цивилни лабораотири утврдиле само дека постои случај на наводно труење на Навални но не и со која супстанција, лабораторија на германската армија Бундесверот, открила „недвосмислени докази за напад со нервен отров“.

Навални во моментов е на лекување во берлинската болница „Шарите“, каде е изведен од состојбата на медицински предизвиканата кома. Блогерот беше ставен во индуцирана кома веднаш по принудното слетување поради неговата влошена здравствена состојба во Омск, каде што лекарите во специјализираната болница за акутни труења веднаш му дале и атропин, што според германските лекари му го спасило животот.