Германија влегува во целосен „локдаун“ со рекорден број починати од Covid-19

Во Германија во средата на дневно ниво починале рекорден број лица од последици на заразата со новиот коронавирус, додека земјата влегува во целосното „затворање“ настојувајќи да го ограничи вториот бран на епидемојата кој ја погоди.

Референтниот Институт „Роберт Кох“, германката национална агенција за контрола на болестите, објави во средата дека во последните 24 часа починале 952 лица кои биле заразени со коронавирусот. Претходниот најголем број смртни исходи на дневно ниво беше забележан во петокот, кога починаа 598 луѓе.

Според извештајот на институтот, на дневно ниво полседното деноноќие се заразиле уште 27.728 лица. Во Германија вкупно во пандемијата на коронаворисот забележани се 1,4 милиони зарази, а починале 23.400 коронаинфицирани лица.

Германија од средата воведува построги мерки на затворање, по делумното затворање воведено на почетокот од ноември, но кое не успеа да го запре континуирано растечкиот тренд на заразите.

Според најновите мерки, повеќето продавници ќе бидат затворени, освен оние за најнеопходното снабдување на населението, и тие ќе траат најмалку до 10-ти јануари. Училиштата од денеска главно се затвораат и минуваат на режимот настава на далечина.

На сила е и ограничувањето за собирите, со максимално пет лица од две различни семејства. Овој пропис ќе биде ублажен од 24-ти до 26-ти декември за да се овозможи поблиското семејство заедно да го прослави католички Божик.

Според досегашното делумно затворање, не работеа рестораните и кафулиња, но многу од нив во претпразничкиот период се прилагодија нидејќи храна и пијалаци за носење. Додека на рестораните им е овозможено нудење храна за надвор од локалот, забрането е точењето алкохол на јавните места, со што се укинуват популарните импровизирани штандови за „греено вино“.

Мерките се особено строги кога станува збор за новогодишните прослави, и овие два дена се забранети сите собири. Користењето пиротехника е строго ограничено, со цел да се намали оптоварувањето на болниците, кои сега се полнат со пациенти заразени со коронавирусот.