Глас за светлина + Буџет на Македонија 2012 = Дежа Ву!

Од златното време на партиско-невладините кога ги обучуваа да хистеришат дека се што е на власт , а не се они, е режим со гулази, тоталитаризам. Време кога се пунеа со пари повеќе одошто од прејадено бебе во пелена со голем капацитет. Неодоливо ми се враќаат неколку слики кои ми се вистински Дежа Ву во овие нови, ѓоа, немирни политички времиња.

Тригерот во тоа идилично време беше продажбата на ЕСМ која во бомбона бизнисот ја шитнаа за 225 милиони евра или со стручен термин – бадијала! Можеби и би била тоа добра пара и бомбона бизнис, да државата тие пари ги вложеше во реален развој, а не во лапање провизии??? Деновиве се заговара ново поскапување на струјата – нека и треба, баравеме – попушивме. ЕВН си е ОК компанија и одлично си работи, но се околу ова беше матна вода, нејсе.

Како најголем отпор за таа продажба се јави невладина организација на чие чело беше една симпатична млада девојка, која имаше големи „кохоњес“ и со пар души блокираа раскрсници низ градов. Беа упорни, гласни, секако, наголемо поддржани од опизицијата, додуша тоа и беше еден од најдобрите потези на опозицијата – класичен соросоиден пристап, кој тогашната власт на Гаргамело Бучковски, кој денес станал дури и детектор за фејк-љуз (на таково увце на кое можеш да закачиш по 20.000 маски и да делиш хуманитарна помош ко Србија вкацини во регионов) треснаа и падна спектакуларно и започна 10-годишната ера на ВМРО. Со враќање на БУч на сцена – се појак е филингот за истото. Се прашувам, беше ли јако ВМРО стварно тогаш или да имаш противник како Буч е исто како да Каспаров игра шах со мене… додека спијам. Немало во политиката попромашена личност во секој асспект – капацитет како паста за зуби кога глуми хард диск од 4 терабајти. Штета што не е премиер, бобмона избори ќе беа. Заев е заебан играч, нејсе.

Така и протестите денес неодоливо ми наликуваат на тогашните, блокирани раскрсници. Дали има ефект, е главно прашање и дали ќе има. Според хистеријата на шарената бот-твитер-булумента, која веќе е толку етаблирана што цвета во сопствениот фецес и налкуваат на онаа дегенеризираана креатура од Монти Пајтон – „А букет фор мисју“, очигледно е дека има. Почнаа со плачипи*каерење: па не трбало, па зошто, па Жмицко бил глуп … Видете, копиљаци се’ и не можат да паметат, учипени се и задникот да си го заборават па затоа пенетрирањето во нивната радиклана партискаа хитерија е лесно – колку и да глумат на потполно исто ниво се како аналниот гласноговорник аналитико-дебилитико. Баш ме интересира дали само рефлексно реагираат со стискање на сфингетрот како инстиктивна реакција кога ќе почуствуваат фалус или едноставно им е најнорамален тригер, ќе видиме, набрзо. Одамна луѓе со поголеми интелектуални капацитети не се во овааа власт – затоа и нивното гласачко тело е толку среќно.

Втора работа е што се назира отпор и протести иснтитуциите… тегнење микрофони, прекинување седници, храбри потези на поединци, млади кои и при приведување не хистеришат со КУМАНОВОДА ВИ СЕ ДЕСИ, но пред се’ пратеници и учесници во работни групи кои многу дрско реагираати на најмало самоволие на власта. Метода видена, проверена, развиена токму од структурите кои оваа власт ја подготвуваа. Тогаш немаше одговор вмро на таквите провокации, па би било интересно и би сакал да видам дали може да се повтори историјата, уште поубава дури и како фарса, и да видиме како ќе кубат за коси кога некоја ќе му седне на столот на Џафери. Проблемот е што кога се користитш со истите методи да ја срушиш власта, тие иако биле некоректни, неетички, па дури и незаконски, поради преседанот – стануваа правило и токму овие кои дојдоа на ист начин, можат само да цвилат. Но, таков проект бара силна медиумска поддршка, пари од фондации, а не бустање на тртетокласни суетни ликови кои лечат импотенција на полу-медиуми. Таквиот начин е веќе етаблиран, нема отпор против него и не важи сега: АМА ТОГАШ РУШЕВМЕ РЕЖИМ, и нема начин како да реагира власта на нивните методи кои самите ги применуваа. Преседан е многу зезната работа.

Со приведувањето на момчето на протестот, јавноста пре, пре, пре, многу бурно реагираше, дури ни ботовскате копрофагиози на твитер не успеаја да дампираат. Ќе биде интерсно ако опозицијата истрае со ваков интензитет. Не заборавајте, на СДСМ му требаа најмалку 5 години и преку 30-40 милиони јевра за да го сруши ВМРО.

Калето молчи засега и не се знае дали е даден ишарет за промена. Можеби чекаат каде ќе преовлада народната поддршка? Колку и да сака меџународна да манипулира, не може да апстрахира маса.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес