Во првиот натпревар од 22-то коло на франциското фудбалско првенство, Лил со 2:1 (1:0) како гостин го совлада Олимпик Марсеј.
Двата погодока за Лил ги постигна Пепе и тоа, во судиското продолжение. Во првото полувреме во третата минута од продолжението реализираше пенал, а во второто полувреме во четвртата минута од продолжението погоди за 2:0, а намали Балотели во петтата минута. Италијанскиот напаѓач дојде во Марсеј пред само два дена.
Мечот беше во прекин повеќе од половина час во 58 минута, поради петарда коај пукна во непосредна близина на играчите, па судијата ги испрати во соблекувалните. Домаќините од 67 минута играа со играч помалку откако црвен картон му беше покажан на Флориан Товен.
Марсеј остана седми со 31 бод, додека Лил се зацврсти на второто место со 43 бодови, 10 помалку од водечкиот ПСЖ, кој има три меча помалку, но шест бодови повеќе од третиот Лион.