Хамнеи повика на повлекување од договорите за нормализација на односите со Израел

Арапските муслимански држави кои во 2020 година поптишаа договори за нормализација на односите со Израел мора да ги поништат своите одлуки, порача во неделата врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи во говорот одржан по повод празникот со кој шиитските муслимани го славата раѓањето на пророкот Мухамед, кој сунитите го прославија на 17-ти октомври.

„Некои влади, за жал, направија грешки, големи грешки во нормализацијата на своите односи со опрезивниот ционистички режим. Тоа е потег против исламското единство, поради што мора да ја повлечат и да ја исправат оваа голема грешка“ изјави Хамнеи во говорот од кој инсерти пренесе иранската државна телевизија.

Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко ги нормализираа односите со Израел минатата година, по заложбите од тогашниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот зет Џаред Кушнер, креатор на сратегијата. Трамп претходно го разгневи арапскиот свет со одлуката да го ефектуира деценискиот закон на Конгресот со кој го призна Ерусалим за главен град на еврејската држава и за преселувње на амбасадата на САД од Тел Авив во градот кој е свет за трите религии а Палестинците неговиот источен дел во кој се наоѓаат главните светилишта за двете религии го планираат за главен град на нивната идна држава.

„Доколку биде постигнато единство на муслиманите, палестинското прашање ќе биде дефинитивно решено на најдобар начин“, изјави ајатолахот Хамнеи.

Изјавата на иранскиот врховен водач е дадена во текот на трраењето на Конференцијата на исламското единство, кое се организира секоја година во Техеран по повод раѓањето на пророкот Мухамед. Поддршката од Исламската Република на палестинските заложбио е константа во иранската надворешна политика повеќе од 42 години.

Исламската Република, прогласена во 1979 година во Иран, не го признава Израел кој се порогласи држава во мај 1948 година, па дури ниту признавањето кое следеше по усвојувањето на резолуцијата на Обединетите нации.

На почетокот од мај Хамнеи го нарече Израел „терористичка база“ со која треба да се бори, предвудувајќи дека уште еден „пад“ е неизнбежен за „непријателскиот ционистички режим“.