Хамнеи вети дека нема да има војна со САД

Врховниот водач на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хамнеи порача во вторникот дека „нема да има војна“ со САД, според објавата на неговата мрежна страница Khamenei.ir.

Ајатолахот Али Хамнеи се обратил пред високите ирански функционери и оценил дека одмерувањето на силите меѓу Техеран и Вашингтон е повеќе начин на тестирањето на решителноста на двете страни, отколку движење кон воен судир.

„Ниту ние, ниту тие не бараме војна, тие анат дека тоа не би било во нивен интерес… Иранската нација е решителна да ѝ пружи отпор на Америка… И во тоа одмерување на силите Америка би била принудена да се бори со повлеквуање (…) бидејќи нашата одлучност е посилна“, рекол Хамнеи.

Порачал и дека е „отровно“ да се преговара со САД, бидејќи Американците сакат на му ги избијат адутите на Иран, како што се ракетите или стратешката важност во регионот.

„Да се преговара со американската влада е отровно (…) тоа не се добронамерни луѓе не почитуваат ништо“, рекол Хамнеи алудирајќи на едностраното американски повлекување од меѓународниот нуклеарен дофговор кој Иран во 2015 година го постигна и потпиша во шесте светски сили.

Ајатолахот Хамнеи, исто така, рекол дека американскиот претседател Доналд Трамп не е добро известен за ситуацијата во Иран.

„Нивниот претседател вели дека секој петок се одржуваат антидржавни манифестации во Техеран (…) Како прво, тие се одржуваат во сабота. Како второ, се одржуваат во Париз а не во Техеран“, додал Хамнеи.

Ајатолахот рекол дека Вашингтон им дава приоритет на интересите на Израел пред благосостојбите на сите други, додавајќи дека „контролата на многу работи лажат во рацете на ционистичкото општество“.

Хамнеи се осврнал и на ситуацијата во самите САД, укажувајќи на отсуствот на интергритет на администрацијата, истакнувајќи дека различни американски функционери секојдневно даваат спротиставени изјави. Американското општество додал иранскиот лидер, исто така е зафатено од „неконтролираните социо-економски проблеми и насилство“.

Ајатолахот Хамнеи истакнал и дека политиките на Вашингтон во врска со Европа и Азија не се успешни.

„Во нивната политика на конфронтација со Исламската Републка, САД дефинитивно ќе доживеат пораз, а … тоа ќе заврши во наша полза“, рекол Хамени наведувајќи ги предупредувањата на некои американски аналитичари според кои притисокто на Вашингтон врз Техеран, спротивно од целите, предизвикува „економска мутација“.