Хан во Македонија ја доживеа непријатната судбината на Могерини

Хан

Стотици илјади македонски граѓани, на улиците на 43 градови и населени места низ Македонија, го пречекаа вчерапопладне комесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, кој во Скопје допатува во придружба на тројца пратеници од Европарламентот.

Но, нивната посета ја доживеа сличната судбина на визитата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, на почетокот на месецов. И неа за време на престојот во Македонија ја пречекаа стотици илјади граѓани на улиците низ многу градови во земјава.

Хан и неговата придружба не донеса предлози за решавање на кризата, и не кажаа ништо ново. Тој ги повтори ставовите, кои претходно ги кажа Могерини, и не ја ни спомна т.н. „Тиранска Платфрома“, иако од него се очекуваше да ја осуди.

Хан

Транспаренти за осуда на т.н. „Тиранска платформа“, за почитување на вољата на мнозинството македонски граѓани и за зачувување на унитарноста на Македонија ги пречекаа Јоханес Хан и неговата придружба од тројца европратеници, долж нивната рута од од аеродромот „Александар Велики“ до Скопје.

Хан Транспарент

Хан Транспарент

„Студен туш“ во Македонија за еврокомесарот беше и тоа што претседателот Ѓорѓе Иванов му ја откажа средбата. Образложение е дека нема што да си кажат бидејќи ставовите на претседателот Иванов се јасни. Терминот за средба со Хан, Иванов му го отстапи на Граѓанското движење „За заедничка Македонија“. Но, Хан не се сретна со претставниците на народот, кој повеќе од 20 дена, секојдневно протестира низ цела Македонија.

Претседателот Иванов му ги изнесе своите ставови на Хан на нивната последна средба минатиот месец, а тие остануваат непроменети. Тој јасно и недвосмилено порача дека нема да го додели мандатот доколку претходно јавно не се осуди и не се отфрли платформата од Тирана, соопшти Канбинетот на претседателот на Република Македонија.

Еврокомесарот оствари средби со реководствата на ВМРО-ДПМНЕ, на Беса, на Алијанса за Албанците и на СДСМ. Закажаната прес-конференција за вчеравечер, по средбите, ја откажа, а остави само писмено соопштение за посетата.

Но, додека тој ги одржуваше средбите во Собранието, на улицата пред македонскиот парламент се одржа протестот на „За заедничка Македонија“, на кој имаше стотина илјади граѓани. Присутните го исвиркаа еврокомесарот и го „поздравија“ со скандирања. За време на разговорите со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Хан рекол дека го загрижува масовноста на протестите.

Со тоа, неговата посета наместо да вроди со плод и да биде конструктивна, се претвори во катастрофа и дебакл.

Познавачите на состојбите коментираат дека Македонија со посетата на еврокомесарот Хан, наместо помош, добила само долевање на масло во огнот на политичката криза, која наместо да почне да се решава се’ повеќе се продлабочува.