Институтот Pantone ја објави бојата на годината за 2023-та

Експертите од институтот за боја Pantone (Pantone Color Institute) ја објавија бојата на годината за 2023-та, а тоа е Pantone 18-1750 Viva Magenta или како што е опишано во објавата од петокот на веб-страницата на организацијата „новото вибрирачко црвено“.

„Бојата за следната година е Pantone 18-1750 Viva Magenta е моќна и оснажувачка. Тоа е нова живописна црвена којашто се изразува во чиста радост, поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања. Тоа е наелектризирана, длабока нијанса којашто гласно се огласува себеси“, се наведува во објавата.

Нијансата е вкоренета во природата, како што истакнуваат во институтот за бои, бидејќи во ерата на технологијата луѓето се стремат да ја црпат инспирацијата од светот околу нив и од реалниот живот.

„Pantone 18-1750 Viva Magenta потекнува од семејството на црвените нијанси и е вдахновена од црвената боја на кохинеалите (вид инсект од кој се екстрахира супстанцата за да се добие црвената боја кармин), една од највредните природни бои, една од најсилните и најсветлите бои познати на светот“, истакнува Леатрис Aјсман, извршна директорка на институтот.

Истакнува дека бојата за претстојната година е „моќна, бестрашна и инспиративна“.

Процесот на избор на боја на годината на Pantone бара анализа на трендовите. Специјалисти го истражуваат светот во потрага по нови решенија во боја – тоа може да ги вклучува забавната и филмската индустрија, уметнички колекции и нови уметници, модата, сите области на дизајнот, популарни дестинации за патувања, како и нов тренд во животот на целата планета и социо-економските услови.

Бојата на годината на Pantone влијае на развојот на производите и одлуките за купување во многу индустрии, вклучително и модата, мебелот за домот и индустрискиот дизајн, како и пакувањето на производите и графичкиот дизајн.

Институтот, које глобалниот провајдер за консталтинг за бои, трендови и анализа, ја дефинира главната боја од 2000 година, кога милениумот го започна со бојата на дневното небо „Cerulean bluе“. Минатата 2021 година, тоа беше сина нијанса со виолетово-црвен подтон „Very Per“, претходната 2020-та боја на годината беше „класичната сина“ (Classic Blue), за 2019-та за боја на годината ја прогласи „трепетливата но мека“ Living Coral (животниот корал), а претходната 2018-та „сложената и контемплативна“ Ultra Violet (ултравиолетова).