Иран објави дека е постигнат занчителен напредок во нуклеарните преговори, Израел стравува од „послаб“ договор

На разоворите во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили од кои САД еднострано се повлекоа во 2018 година по што Техеран суспендираше некои свои обврски од договорот, во понеделникот е постигна „значителен напредок“, изјави портаориокот на иранското министерство за надворњешни работи Саид Хатибзадех.

„Меѓутоа, ништо не е договорено сѐ додека не биде договорено. А преостанатите прашања се и најтешки“, изјави портпаролот Хитибзадех на редовниот понеделникички брифинг во иранското министерство за надворешни работи.

Во засебна изјава висок ирански функционер за безбедносст, Али Шамхани изјави дека продолжуваат разговорите со европските преговарачи, но дека преговорите со САД не се на дневен ред, бидејќи нема да донесат никаков напредок.

Индиректните преговори меѓу САД и Иран во Виена кон крајот на ноември, со цел Вашингтон да се врати во договорот кој го спречува Техеран да дојде до атомска бомба, што иранските власти упорно го негираат повеќе од една деценија.

САД се повлекова од меѓународниот нуклеарен договор во мај 2018 година, во време на претседателот Доналд Трамп барајќи нов договор во кој ќе биде вклучена и иранската нуклеарна програма и ги вратија децениснките економски санкции. Иран, откако европските потписнички на договорот не успеаја да ја заштитат неговата економија од американските санкции, суспеднираше многу свои обврски до договорот во поголед на количината и степенот на збогатувањето на ураниумот.

Агенцијата Reuters минатата седмица извести дека е скициран нацртот на новиот договор по повеќемесечните преговори, како и дека тој вклучува и други прашања, како што е одмрзнувањето на милијарди долари иренски средства од јужнокорејските банки и ослободување на западни државјани од иранските затвор.

Иран е подготвен да размени затвореници со САД, изјави во саботата иранското министерство за надворешни работи и порача дека разговорите за обновување на нуклеарниот договор може да успеат многу брзо доколку Вашингтон го донесе неопходните политички одлуки.

Највисокот иранско безбедносни тело, Врховниот совет за национална безбедност, води разговори во Виена и за тоа дирекнот му одговара на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, кој е највисоката власт во Иран.

Израел стравува од „послаб“ нуклеарен договор

Израеслкиот премиет Нафтали Бенет претходно во неделата рече дека договорот за иранската нуклеарна програма е „пред вратата“, додавајќи дека стравува дека тој ќе биде послаб од претходниот од 2015-та, поради што Израел ќе мора „со сопствени средства да ја гарантира безбедноста на своите граѓани“.

Израел, кој е на наголем регионален сојузник на САД и истовремено најголем непријател на Иран, смета дека Техеран и неговата нуклеарна програма се закана за неговата безбедност. Еврејската држава се противеше и на договорот од 2015 година поради тоа што укинување на санкциите предвидено со тој договор му овозможило на Иран уште повеќе да се вооружува.

„Новиот договор е пред вратата (…) Ќе биде послаб од претходниот… Иранскиот тероризам е закана за нас и за друге земји во регионот (…) Израел се подготвува за ден (по потпушувањето на договорот) на сите нивоа за со сопствени средства да им ја гарантира безбедноста на своите граѓани“, рече Бенет во неделата на почетокот од седницата на валдата во Ерусалим.

Израелскиот премиер на истата тема се осврна и во неделата вечерта на конференцијата на американските еврејски организации.

„Најголемиот проблем со тој (нов) договор е тоа што за две ипол години (…) Иран ќе може да произведе, постави и пушти во погон нуклеарни центрифуги“, рече Бенет во своето обраќање.

Изралескиот министер за одбрана Бени Ганц изјави прехотно во неделата на Минхенската безбедносна конференција, дека „треба да се стори сѐ за Иран никогаш да не биде во можност да произведе нуклеарно оружје“.