![iran zatvorenici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/iran-zatvorenici.png?resize=641%2C359&ssl=1)
Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници во обид да се бори против ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, јави Би-Би-Си.
Портпаролот на судството, Голомхосеин Есмаили, изјави пред новинарите дека на затворениците им дозволено да излезат од затвор откако нивните тестови на Ковид-19 биле негативни.
Сите привремено ослободени затвореници издржуваат полсени пресуди. Затворениците со казна затвор од повеќе од пет години нема да бидат вклучени во програмата.