Иран се заканува со ‘тајно оружје’ и гледа глобална закана од големото воено присуство на САД во Заливот

Иран може да ги потопи американските воени бродови испратени во Персискиот залив со расположивите прокетили и со „тајното оружје“ се закани восок воен претставник во саботата, а шефот на дипломатијата оцени дека зголеменото американско воено присуство во регионот на Блискиот исток претставува закана за глобалниот мир и стабилност.

САД во петокот објавија испраќање на уште 1.500 војници на Блискиот истој, правдајќи го потегот како напор за зајакнување на одрбанбената моќ против Иран и обвинувајќи ја оваа земја дека наводно стои зад нападот врз саудиските танкери пред две седмици, иако Вашингтон ниту се потруди да даде некаков доказ за тоа.

„Америка испраќа … воени бродови во регионот. Ако сторат и најмала глупост, ќе ги испратиме тие бродови на дното од морето заедно со екипажите и авионоти со користење на два проектила и две тајни оружје“, предпреди за полуслужбената новинска агенција Mizan во саботатасоветникот на иранската воена команда, генералот Мортеза Корбани.

Зајакнувањето на военото присуство во регионот се новите потези на Вашингтон кој во Иран гледа можна закана, во прв ред за американските сојузници и интереси на Блискиот исток, а тоа беше проследено со распоредувње на ударните групи бродови на два носача на авиони, стретешки бомбардери „В-52“ и бродови со ракетните системи „Patriot“.

Западните аналитичари велат дека Иран често претерува во поглед на неговите воени способности, иако постои загриженост околу иранската програма за развој на блаистичките проектили со долг дострел.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, смета дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да испрати дополнителни 1.500 војници на Блискиот исток претставува загана по светската безбедност и стабилност.

„Овие активности претствуваат закана за глобалниот мир и за стабилноста“, порача Зариф во интервју за агенцијата IRNA.

Според него, САД неосновано го обвинуваат Иран за да ја оправдаат својата агресивна политика кон Исламската Република. Заруф предупреди дека таквиот потег само ќе ги зголеми тениите во областа на Персискиот залив.