Исламската држава ја презема одговорноста за нападите во Шри Ланка со најмалку 321 жртва

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста за серијата координирани бомбашки напади изведени во Шри Ланка во коишто на католички Велигден во три цркви и три луксузни во кои се убиени најмалку 321 луѓе, објави Amaq, новинска агенција блиска на оваа терористичка организација, без да наведе докази за ова тврдења.

Заменикот министер за одбрана на Шри Ланка во вторникот рече дека самоубиствените напади врз црквите и хотелите се „одмазда за напад врз муслиманите во Крајстчрч“, алудирајќи за нападите во 15-ти март врз две џамии во кои се убиени 50 луѓе. Додаде дека за нападите се одговорни две локални исламистички групи: National Thawheed Jama’ath (NTJ) и Jammiyathul Millathu Ibrahim.

Владата на Шри Ланка во понеделникот за нападите ги обвини NTJ, но истакна дека оваа групација дејствувала со помош на меѓународна терористичка мрежа и дека Коломбо поради тоа ќе бара странска помош во ловот на извршителите. NTJ е главно анонимна радикална исламистичка групација од Шри Ланка која минатата година беше поврзувана со вандализациите на будистичките споменици.

Полицијата досега уапсила 40 луѓе кои се доведуваат во врска со напаѓачите. Меѓу нив и Сириец кој е уапсен „по испитувањата на локалните осомничени“.

Според последните податоци, бројот на мртвите се зголемил на 321, а ранети се 521 човек од кои 375 се згрижени во болниците. Портпаролот на УНИЦЕФ, Кристофер Булиерак, изјави дека меѓу убиените 45 се деца.