Кање Вест се пресели на стадион, собата слична на затворска ќелија (ФОТО)

Раперот и дизајнер Кање Вест не престанува да ја шокира јавноста и своите фанови. Со секој изминат ден сè повеќе изненадува, а новиот потег на славниот рапер ги остави сите без текст.

Во јавноста излезе информација дека во текот на подготвувањето на неговиот нов студиски албум, тој живеел на стадионот во Атланта, каде што пред неколку дена била одржана и забава за преслушување на новиот албум.

Тој и понатаму живее на стадионот, каде што една од пресоблекувалните ја има претворено во негова соба. Причината за овој неочекуван потег е одложеното објавување на неговиот албум, кое ќе биде на 6 август.

Оваа вест ја потврди и самиот рапер, кој на својот Инстаграм профил објави една фотографии од пресоблекувалните, која ја користи како спална соба. Во неа Вест има кревет и најосновна гардероба.

„Каков уметник!“, „Се посветил целосно на албумот, не сака никој да му пречи!“, „Собата на Кање изгледа како затворска ќелија!“, се само дел од коментарите од страна на неговите фанови, кои не можат да го дочекаат новиот албум, кој го доби името „Донда“ по неговата почината мајка.