Како да имате незаборавен брз секс?

Како да ја победите несигурноста при орален секс?
Како да ја победите несигурноста при орален секс?

Сексот набрзина е одличен начин за разгорување на страста во врската.
Секс експертот Кејт Тејлор дава 5 кратки совети како да имате незаборавен брз секс:

Секс наутро – тогаш нивото на тестостерон на мажите е највисоко и двајцата ќе бидете полни со енергија, а не истоштени како по тешкиот работен ден.

Секс на јавно место – стравот да бидете фатени ќе направи работите да изгледаат диви, недозволени и возбудливи, па не е чудно што во ваква ситуација ќе имате секс за паметење и брзо ќе стигнете до врвот.

Моќта на локацијата – доволно беше дружба со спалната и душекот, обидете се со секс во кујната и ќе видите како работите ќе отидат во поинаква насока.

Соло третман – направете магија сами со помош на своите раце, потоа покажете му ги научените вештини на партнерот.

Стоечка секс поза наместо лежечка – заменете ја мисионерската поза и ќе имате нова енергија и возбуда.

Долна облека со „лесен пристап“ – долната облека треба да биде практична за да не ја забави брзината на авантурата.

kako-da-go-imate-najdobriot-seks-vo-zhivotot-vo-samo-5-minuti-02.jpg

На старите пози дадете им нов шарм – наместо да пробувате нови и тешки пози и да изгубите време местејќи се, вие дадете им нов шмек на старите со промена на некои аспекти, како зголемување на брзината на изведба или пак додавање секс играчки.

Задоволство со рака – задоволство набрзина можете да си подарите еден на друг и само со рака.

Облека на вас – не ја соблекувајте целата облека при сексот, а некогаш облечете и стара облека што не ви треба за да ја искинете и да ја зголемите возбудата на тој начин.

Користете вибратор – на мажите им се доволни неколку минути, но жените имаат потреба од подолг секс за да доживеат оргазам, па така вибраторот ќе ги забрза работите.

Игра на улоги – зошто да не копирате секс сцена од омилениот филм? Остварете си ги фантазиите со игра со улоги.