Казна за изнесено мислење

Со Решение на екс – Министерот за правда Маричиќ, бр.21-2616/1 од 09.11.2020г, а сега Вицепремиер за евроинтеграции, формирана е работна група за  изменување и дополнување на Законот за граѓански одговорности за навреда и клевета. Од оваа формирана работна група, и ова го дочекавме во 2022 година, едни вечни и никогаш незаменливи окупатори на Министерството за правда со целокупното свое професионално и академско искуство да предложат санкционирање на нашите граѓани за изнесено мислење, која ја поделив во два дела:

Прв дел: професори од Правниот факултет Јустинија Први Скопје и судии и тоа:

Претседател: Академик проф.д-р Владо Камбовски-член на МАНУ

Членови:

  1. д-р Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Врховен суд, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП),

2. Снежана Бајлозова, судија на Врховен суд,

3. Кети Германова, судија на Основниот граѓански суд-Скопје и преставник на Здружението на судии на РМ,

4. Даниела Миновска, судија на Основниот граѓански суд Скопје и преставник на Здружение на судии на РМ,

  1. д-р Јасна Бачовска Недиќ, проф.на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје.

Овие многу важни членови на чело со претседателот на работната група, кој меѓу другото е претседател на многу комисии и тела во оваа жална држава со уништен правен и правосуден систем, вечниот и незаменлив академик Камбовски, а посебно и поранешната судијка на Европскиот суд д-р Мирјана Лазарова Трајковска, во првичната верзија од член 6 на законот определиле дека (1) За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намери да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажечко, понижувачко или негативно мислење.

Честитки до Камбовски и Лазарова Трајковска кои успеале со својот капацитет да предложат ваква дефиниција. Ги жалам странките кои имаат предмет во Врховниот суд, а за кој би требало да одлучува еден ваков поранешен европски судија!!!

На виделина излегува она што секој од нас латентно го носи: Мирјана Лазарова Трајковска, е долгогодишен припадник на МВР од едноумие, па се’ до повеќепартискиот систем, ќерка на поранешен началник на УДБА, но користејќи ја близината со поранешниот претседател Трајковски, успева од претседател на Државната изборна комисија да се вдоми во Уставниот суд и оттаму во времето на поранешниот премиер Никола Груевски да седне во удобната фотелја во судот во Стразбур. Секогаш платена со висока плата од државата!!! Убаво знае како да се вгнезди и да се прикаже како висок професионален, а да не заборавиме дека стана судија на Уставниот суд на Македонија без ниту една донесена пресуда во нејзиниот живот (што од аспект на законот и не е спорно!!!). Срам за нашето судство од друг аспект, односно од нејзината желба да биде дел од комисии, работни групи, од Академија на судии и обвинители (предавач), па издавање на дела од областа на судството и што ли уште….

Во едно постаро издание, на линија со оваа судијка е и академикот Камбовски за кого може да се каже дека е присутен секаде и секогаш (страшно е да не го видиме и во нашата дневна соба како експерт!!!) од МАНУ, Одбор за акредитација на високото образование, бројни комисии, тела….Колку заработува овој академик од сите можни ангажмани и во близина на 80 години од својот живот???

Професорката Јасна Бачовска, добро тргнала по нивните патеки. И таа со која памет го поддржала првичното решение на работната група доволно зборува за нејзиниот капацитет. За судијките Германова, Бајлозова, Миновска потребно е Судскиот совет да се позанимава и да им забрани да учествуваат во било какви комисии и работни групи заради истиот пропуст како и професорите погоре нацртани.

Вторниот дел од решението на министерот ја опфаќа новинарската фела и службеници на министерството за правда и тоа:

  1. Маја Јовановска, новинар, преставник на самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници,

2. Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на РМ,

3. Среќко Поповски, член на Управниот одбор на Здружението на новинари на РМ,(активен во „шарената револуција борец  за демократија“),

4. Драган Секуловски, директор на ЗНМ,

5. Лазар Сандев, правен застапник на новинари, за прашања поврзани со слободата на изразување,

  1. м-р Даница Џонова, в-д директор-владин агент на бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП,

7.м-р Никола Прокопенко, државен советник во МП,

  1. Николина Милеска Костадиновска и Славица Жерајиќ, раководители на одделението во МП.

Со овие европски експерти и професори кои сакаа да протнат казнување за изнесено мислење може да одиме во сигурен тоталитаризам. Затоа имам неколку препораки до новниот министер за правда:

  1. Министре Тупанчески, професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ-Скопје, со вакви законски решенија покажуваат на кое ниво се. Затоа, за да не бидете обвинет за непотизам и субјективизам, има и други професори на Правни факултети во државата и потребно и ним да им ја дадете довербата кога се прави работна група. Нема да може да се одбраните ако во секоја група или комисија ги форсирате своите колеги од факултетот од каде што доаѓате на позицијата министер.
  2. Заменик министер Нухиу, едно прашање до вас, како е можно во работната група да нема ниту еден член од националностите??? Покажува ли тоа дека е фиктивен проектот: Општество еднакво за сите??? Дали вие работите нешто во министерството и дали гледате што се случува со неговите тела и комисии?
  3. Камбовски, Лазарова Трајковска, Германова и другите да се извинат на јавноста за пропустот од нивна страна и да се посветат кој на пензијата, кој на судската функција, на академското работење подобро отколку да се шетаат низ министерствата и да не може без нив нешто да помине.
  4. Судскиот совет да воведе практика, судиите кои се ангажираат во активности надвор од судиската да добијат дозвола и да знаат кој судија кај го поминува времето, па нели имаат многу предмети и потребно ли е со толкава администрација на министерството да се трошат и на измени и дополнувања на законот.

Македонијо, тешко тебе со вакви експерти, со лица кои цел живот цицаат од државни јасли, а во спротивно би биле невработени лица!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес