Казнети 202 возачи во Скопје, 23 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 23 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.