Експерименталната вакцина против коронавирусот под називот „CoronaVac“ на кинеската корпорација „Sinovac Biotech“ поттикнува брз имунолошки одговор кај испитаниците, но нивото на настатаните антитела е пониско отколку кај луѓето кои закрепнале од болеста, покажуваат прелиминарните резултати од испитувањата објавени во средата.
Рецензираните резултати од испитувањата на кинеската компанија „Sinovac“, кои се објавени во медицинското списание The Lancet Infectious Diseases, произлегуваат од клиничките испитувања во првата и втората фаза спроведени во Кина, во кои учествувале повеќе од 700 волонтери. Неодамна во Бразил беше прекинато клиничкото испитување на вакцината, без образложение на тамошните здравствени власти а на незадоволство на институтот во Сао Паоло кој го спроведуваше истражувањето.
Иако испитувањата во раната и средната фаза, односно првата и втората фаза, не биле предвидени за процена на ефикасноста на препаратот „CoronaVac“, истражувачите велат дека оваа вакцина би можела да пружи доволна заштита, а своите забележувања ги засновуваат на искуството со другите вакцини и податоците од претклиничките студии врз макаки мајмуните.
Резултатите од оваа студија следеа по оптимистичките објави на американските производители на кандидатите за вакцина против коронавирусот „Pfizer“ и „Moderna“, како и на рускиот научен институт „Гамалеј“, кои објавија за над 90 процентна ефикасност на нивните препарати во третата фаза од испитувањата.
Вакцината „CoronaVac“ и уште четири експериментални вакцини кои се развиваат во Кина, во моментов се во доцната трета фаза од ипитуваата, и се утврдува нивната ефикасност во превенцијата од Covid-19.
„Нашите откритија укажуваат на тоа дека CoronaVac е во состојба да поттикен брз имунолошки одговор во рок од четири седмици од вакцинирањето коешто се спроведува во две фази во интервал од 14 дена“, изјави Жу Фангце, едн од научниците кои работат на развојот на вакцината.
Експертите велат дека резултатите од поголемите подоцнежни студии и испитувањата во третата фаза ќе бидат пресудни за да се утврди дали имунолошката реакција на организмот по вакцинирањето со „CoronaVac“ е доволна да ги заштити луѓето од зараза со новиот коронаврус SARS-CoV-2. Компанијата „Sinovac“ во моментов спроведува три испитувања од третата фаза во Индонезија, Бразил и Турција.
И Бразил и Индонезија во моментов ја разгледуваат можноста за започнување масовна кампања на вакцинирање со „CoronaVac“ во текот на следните месеци.
„Резултите треба да се разгледаат внимателно сѐ додека не бидат објавено подоцнежните резултати од третата фаза“, педупредува Наор Бар-Зеев, професор од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Мериленд, кој не учествувал во студијата. Додава дека „дури и тогаш, по завршувањето на испитувањата од Фазата III и по издавањето на дозволата, мора да се биде претпазлив“.
„CoronaVac“ е една од трите експериментални вакцини против Covid-19 коишто во Кина беа користени за вакцинирање на стотици илјади лица во рамките на итната програма за сузбивањето на ширењето на коронавирусот.
И другите две вакцини од кинеската итна програма, а двете ги развиле институтите поврзани со „Sinopharm“, како и уште една вакцина на компанијата „CanSino Biologics“, се покажале безбедни и поттикнале имунолошка реакција во раната и средната фаза, покажале резултатите од стручните рецензии.
Ганг Зенг, истражувач од „Sonovac“ кој работи на вакцината „CoronaVac“, вели дека вакцината би можело да биде интересна опција имајќи предвид дека може да се чува во ладилник на нормални температури од 2 до 8 Целзиусови степени и може да остане стабилна до три години.
„Тоа би можело да претставува предност кога станува збор за дистрибуцијата во регионите каде што е проблематичен пристапот до разладни уреди“, вели Ганг.
За споредба, вакцината на американската компанија „Pfizer“ и германската „BioNTech“ мора да се чува и транспортира на минус 70 Целзиусови степени, иако во обичен ладилник може да се чува до пет дена или до 15 дена во термоизолирана преносна медицинска кутија. Вакцината на „Moderna“, пак, според најавата може да биде стабилна на вообичаените температури во ладилник до 30 дена, но за подолго чување до шест месеци треба да се складир на минус 20 Целзиусови степени.