Киноата е една од најпопуларните здрави намирници. Иако спаѓа во житарици, таа е всушност псевдо житарица. Се консумира и се припрема исто како и другите житарки, меѓутоа спаѓа во фамилијата треви. Киноата припаѓа на истиот род на билки како што се спанаќот, блитвата, цвеклото и др.
Во својот состав киноата не содржи глутен, но е богата со протеини и ги содржи сите 9 аминокиселни, кои нашето тело не е способно само да ги произведе. Поради овие карактеристики киноата се издвојува од сите други намирници.
Стара е неколку илјади години и затоа го добила името ДРЕВНО СЕМЕ. За прв пат е пронајдена на планините на Јужна Америка.
Постојат повеќе сорти на киноа: бела, црвена, црна киноа, но онаа која највеќе се употребува во нашата исхрана е белата киноа.
Киноата е една од ретките семиња која е комплетен протеин. Поради тоа таа е совршена замена за месо, и е идеална намирница за вегетаријанците.
Покрај протеините, во својот состав содржи и Олеинска киселина и омега 3 масни киселини кои се чувари на кардиоваскуларниот (срцевиот) систем, антиоксиданти флавоноиди, минерали, меѓу кои магнезиум, манган, фосфор, калиум, калциум, цинк, бакар и селен.
Од витамините ги содржи Е витамин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, целиот Б-комплекс кој е чувар на нашиот имунитет, и има големо влијание врз нервниот систем.
Покрај протеините, витамините, минералите и антиоксидантите содржи и растителни влакна, што ја прават да биде совршена диетална намирница.
Токму поради овие благодети кои влегуваат во нејзиниот составот консумирањето на киноата може да го намали ризикот од појава на кардиоваскуларните (срцеви) заболувања, Дијабетес тип 2, хемороиди, запек, висок крвен притисок како и рак на дебелото црево.
Киноата лесно се приготвува и е лесно сварлива во желудникот. Може да се искористи во супи како замена за фиде, да се додаде во салати, во разни десерти, а од брашното од киноата се прави леб, но и многу вкусни пецива.
Автор: Сертифициран нутриционист Марија Лазиќ за НетПрес
e-mail: [email protected]